Вардар доведе голман од екипата на Брера

19-годишниот голман на Брера, Даниел Диковски е ново засилување за шампионот Вардар. Според информации од редовите на „црвено-црните“ младиот чувар на мрежата на струмичкиот тим се сели на голот на шампионот.

Диковски беше дел од младинските репрезентативни состави на Македонија, а во екипата на Брера Струмица имаше и 13 настапи во прволигаштака конкуренција. Инаку тој е дете на Македонија Ѓорче Петров, но помина дел од младинските категории во Брера пред да заигра и за првиот тим.

Младиот голман потпиша 3-годишен професионален договор со Вардар.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press