Нестабилното време продолжува и денеска, а во повеќе региони се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи, при што локално е можна појава на невреме со силен ветер и град.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, а на одредени места атмосферските процеси ќе бидат поизразени. Се очекува пообилен пороен дожд, со количина која локално може да достигне околу 20 литри на метар квадратен, како и електрични празнења и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат меѓу 9 и 16 степени, додека дневните ќе достигнат од 21 до 29 степени Целзиусови.
Метеоролозите препорачуваат внимателност поради можноста од локални временски непогоди, особено во попладневните часови кога се очекува најголема нестабилност на атмосферата.
…
