(Видео) Песна на „Дубиоза колектив“ стана неофицијална химна на Босна и Херцеговина на Светското првенство

Една од најпознатите песни на Дубиоза колектив доживеа нова популарност благодарение на настапот на Босна и Херцеговина на Светското првенство 2026.

Стиховите „I am from Bosnia, take me to America“ се слушаа меѓу навивачите на БиХ во Торонто пред и за време на натпреварот против Канада, а песната брзо се прошири и на социјалните мрежи.

На нејзината популарност внимание ѝ посвети и Би-Би-Си, кој објави видео посветено на навивачката еуфорија создадена околу песната. Во описот на видеото, Би-Би-Си ја нарече „неофицијална химна на Светското првенство“ и оцени дека е „многу заразна“.

Песната стана еден од симболите на големата фудбалска еуфорија што овие денови владее меѓу навивачите на Босна и Херцеговина, од Сараево до Торонто.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press