Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Стрип центарот на Македонија – Велес ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август. Годинава, оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на поврзување — учесничките ќе бидат исклучиво авторки од женскиот пол, кои доаѓаат од пет држави со што се создава моќна балканска женска уметничка соработка.

По соборувањето на досегашните рекорди на меѓународниот конкурс „Златен стрип“ – каде што пристигнаа дури 497 пријави од автори од целиот свет – Стрип центарот ги претставува уметниците кои ќе творат во рамките на годинешната колонија:

· Силвиа Борбељ – Романија

· Андрада Ваеш – Романија

· Ирис Голгочиу – Романија

· Ана Цочева – Бугарија

· Велислава Стојанова Георгиева – Бугарија

· Драгана Купрешанин – Србија

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press