(Фото) Нема поубава бремена жена: Гордо го откри стомакот и направи хаос на интернет

Сопругата на Шарл Леклер, Александра Леклер, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во среда објави фотографии од одморот на Сардинија, покажувајќи го своето трудничко стомаче.

Двојката официјално потврди она што сите веќе го знаевме, дека наскоро ќе го добијат своето прво дете. Сопругата на ѕвездата на Формула 1 блескаше во смарагдно зелен комплет, горен дел и здолниште, а многумина во коментарите ја нарекоа најубавата бремена жена.

View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Leclerc 🦋 (@alexandramalenaleclerc)

Александра (25) го комплетираше својот стајлинг со мини чанта „Botanica“ од брендот Aquazzura, вредна околу 1.140 фунти, ​​како и соодветни чевли со високи потпетици вредни околу 1.000 фунти, украсени со бубамари на предната страна, пишува Дејли Меил.

Бубамарите се сметаат за симбол на среќа, плодност и нови почетоци низ целиот свет.

View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Leclerc 🦋 (@alexandramalenaleclerc)

Двојката моментално ужива во Сардинија со своето куче Лео, пловејќи на луксузна јахта Riva 102′ Corsaro Super, наречена Sedici, која се проценува дека вреди околу 15 милиони фунти. Нивното куче Лео во меѓувреме стана омилено кај фановите во светот на мотоспортот благодарение на неговите бројни појавувања на тркачките викенди.

View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Leclerc 🦋 (@alexandramalenaleclerc)

Секогаш кога ќе се појави убавата Александра, сите имаат само пофалби за неа, а се чини дека за време на нејзината бременост, секој нејзин чекор ќе биде следен, со оглед на популарноста на овој пар на социјалните мрежи.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press