Слика на штипскиот сликар Зоран Митревски на плакат на Јапонски игран филм
Штип, 23.11.2026
На уметникот штипјанец Зоран Митревски му се случи повик кој му донесе нова гордост како уметник, поточно за неговото сликарство. Имено, јапонски филмски режисер побарал сликата на Митревски под наслоив „Њујорк“ да биде на постерот за филмот „Градот на светлината“ била побарана од јапонски филмски продуцентда биде на плакат на неговиот филм „Градот на светлината“.

-На 14’ти овој месец добив меил од господинот Хироши Сато филмски продуцент кој ме замоли да употребат една моја слика ( Њујорк) како постер – плаката за нивниот филм ” Градот на светлината”, Г-дин Сато мојата слика ја видел на сајтот ArtPall и многу му се допаднала зашто го асоцирана на палатата на филмот од тоа време. Ми пиша дека тоа бил стар Јапонски игран филм но во тоа време многу прогресивен и со многу модерна тематика. Филмот во Јапонија се викал “Градот на љубовта” но во другите земји каде се прикажувал се прикажувал под име “Градот на светлината”, вели Митревски.
Овој постер (плакат) би бил еден од неколкуте постери кои ке бидат употребени за одбележување и секавање на познатата јапонска актерка од тоа време Јоко Тсукаса.
-Му пишав на господинот Сато дека се согласувам, и дека се чувствувам горд и почестен на фактот дека мојата слика ќе се најде на плакатот на филмот кој тој го продуцирал, и го замолив да ми испрати слика од плакатот, односно постерот. Во следниот меил тој ми го прати идејното решение на постерот, кој навистина ни се допадна, коментира уметникот.
Митревски вели дека оваа случка го натерала да размислувам за тоа колку светот станува мал преку својата поиврзаност преку интернетот и колку можности и изненадувања може да ни приреди таа поврзаност меѓу луѓето од континетни и земји далечни со илјадници километри.
