Најмалку 13 загинати во Киев, Украина се соочува со недостиг на воздушна одбрана

Најмалку 13 лица се убиени, а 40 се повредени во најновите руски напади додека Киев се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана, објави Би-Би-Си.

Станбени блокови и магацини беа погодени низ целиот град во текот на ноќта а оштетени се и детска болница и училиште.

Смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, за чие снабдување Киев се потпира на западните сојузници.

Украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко изјави за Би-Би-Си дека Украина е „апсолутно незаштитена“ од напади со балистички ракети и „не може ништо да направи“ без пресретнувачи.

Пишувајќи на Телеграм, Зеленски рече „сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир“.

„Пресретнувачите за ракетите „Патриот“ сè уште не се заменети, а тие се потребни секој ден. Секоја дополнителна ракета ги спасува животите на нашите луѓе,“ напиша Зеленски.

Руското министерство за одбрана соопшти дека употребило воздушно, копнено и поморско оружје за да ги погоди воените објекти и магацини.

Украина се потпираше на американските залихи на пресретнувачки ракети „Патриот“ за борба против руските балистички ракети, но САД искористија голем дел од своите залихи за време на војната на Блискиот Исток и ја снабдуваа Украина со помалку.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press