Љатифи: МЕПСО инвестира во модернизација на мрежата и нови интерконекции

Македонскиот електропреносен систем во 2025 година функционирал стабилно и покрај зголемениот прилив на енергија од обновливи извори и динамичните промени на цените на регионалните пазари, вели генералниот директор на АД МЕПСО, проф. д-р Бурим Љатифи.

Во интервју за хрватското списание „EGE“, Љатифи говори за предизвиците во електропреносниот систем, инвестициите во домашната мрежа, новите интерконекции со Албанија и Косово, интеграцијата на обновливите извори, пазарното поврзување и заштитата од сајбер-напади.

Според него, енергетската транзиција напредува, но безбедното и сигурно функционирање на системот останува главен приоритет на МЕПСО.

Повеќе обновливи извори, но и поголем притисок врз мрежата

Најголемиот предизвик за МЕПСО е воспоставувањето рамнотежа меѓу растот на производството од обновливи извори, стабилноста на електроенергетскиот систем, движењето на цените и обезбедувањето доволни резерви во преносната мрежа.

Дополнителни предизвици се геополитичките ризици и интеграцијата во европските енергетски текови. Љатифи нагласува дека системот станува „позелен“, но истовремено бара поголеми капацитети за балансирање, поголема флексибилност и континуирани вложувања во преносната инфраструктура.

МЕПСО затоа инвестира во дигитализација, автоматизација и зајакнување на мрежата, што долгорочно треба да ја зголеми стабилноста и да ги намали оперативните трошоци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе