(Фото) Бред Пит повторно освојува со опуштен стајлинг

Бред Пит повторно ги освои сите со својот изглед на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан. Малкумина мажи би можеле да изнесат ваква комбинација.

Бред Пит веќе подолго време го привлекува вниманието на јавноста. Често може да се види во неконвенционални, лежерни изданија што ги кршат вообичаените модни правила за големи филмски настани и премиери.

Неодамна, на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, тој се појави во колоритна комбинација – спојувајќи шест бои што навидум не одат една со друга – а сега нè воодушеви со младешки изглед.

Тој присуствуваше на прес-конференцијата за филмот Heart of the Beast, продолжувајќи ја низата лежерни комбинации кои изгледаат сосема природно, како воопшто да не се труди да го импресионира модниот свет.

Се појави во целосно тексас издание – од глава до пети – постигнувајќи го тој опуштен, младешки стил. Сепак, вистинските ѕвезди на оваа комбинација беа парчињата облека „скриени“ под тексас јакната.

View this post on Instagram

A post shared by Esquire UK (@ukesquire)

Носеше бела кошула со розова вратоврска, создавајќи ефект на модерна елеганција што не делуваше премногу круто. Мора да признаете, малкумина мажи би се осмелиле да ги искомбинираат токму овие парчиња…

Но, не и Бред Пит – тој не е обичен маж.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе