Таксират #28: нов дом, 2 бини, 11 имиња од 7 држави!

На 7 декември 2026 година, 28 издание на фестивалот Таксират го носи своето големо финале во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. На двете бини ќе настапат Morcheeba (Велика Британија), Zoster (Босна и Херцеговина), Kadebostany (Швајцарија), Foltin, Smut, Z++ (Хрватска), Alizade (Азербејџан), Raxon (Египет), Sure Shotz, KEM и Conspiracy.

Оваа година Таксират за прв пат се сели во „Јане Сандански“. Фестивалот кој започна во МКЦ во 1999 година, 17 години живееше на Скопскиот саем, а потоа се пресели во арената „Борис Трајковски“.

Таксират продолжува, како и секогаш: позитивно, гласно и заедно со својата публика.

Фестивалот, како и секоја година, не е само една вечер. Својот уникатен стил и идентитет го задржува и оваа година. Програмата почнува на 26 ноември со тридневната ПИН музичка конференција, Лузер фест и потрагата по најдобриот нов млад бенд, како и соло-концерти на македонски артисти.

Низ сите овие настани, Таксиратскиот фестивалски дух и мисија за уметност во својата најчиста форма ќе биде присутен.

Две бини, слободно движење и билет по иста цена за стоење и седење

Верна на традицијата на Таксират, салата ќе има две бини. Главната сцена е Smooth stage, а втората Shorty P. Публиката ќе може слободно да кружи меѓу нив и да ја прави сопствената вечер, како што тоа го прави веќе со децении на Таксират.

Изведувачите на големото финале: Зошто секој од нив е посебна приказна

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе