Утринскиот дел од изборниот ден во Србија беше обележан со многу висока излезност, но и со низа неправилности забележани од набљудувачите на Центарот за истражување, транспарентност и отчетност ЦРТА на гласачките места. До 10 часот, 19,8 проценти од регистрираните гласачи излегле на гласање, што е двојно повеќе од излезноста на изборите во 2023 година.
Меѓу неправилностите, која ја забележува ЦРТА, најчестата е фотографирањето на гласачките ливчиња, кое беше забележано на 25 проценти од гласачките места во Србија. Во Белград, овој феномен, кој укажува на закана за тајноста на гласањето и притисок врз гласачите, беше забележан на повеќе од половина од гласачките места.
На 9 проценти од гласачките места е забележана комбинација од неколку неправилности, што може да укажува на обид за нелегитимна контрола на гласањето, како неовластено присуство на трети лица, фотографирање на гласачки ливчиња, мешање на набљудувачи од одредени набљудувачки мисии во работата на изборниот одбор. Недоследната употреба на спрејот е забележана на 12 проценти од гласачките места.
Набљудувачите, денеска на прес конференција соопштија и дека пријавиле во полиција и случај на сомневање за купување гласови и „бугарски воз“, односно карусел гласање.
