ШТИП утре испишува историја, по 65 години се пушта нов мост на Брегалница

Штип, 01.03. 2020

Утре, понеделник 02 март година 2020, точно во 13 часот, Штип испишува историја. По пауза од 65 години се пушта во употреба нов, овојпат челичен мост на Брегалница, втората по големина река во државата.

Со пуштањето на мостот во употреба ќе се стави во функција новата патна насока која сообраќајно најмногу ќе им служи на населбите 8 Ноември, Сењак, Дузлак, Баби, Автокоманда….Тоа се и „најживите“ населби, зашто се градени во поновата историја на градот. Во нив живеат најголем дел од граѓаните вработени во некоја од штипските фабрики во индустриските зони со кои мостот ги спојува. Овој мост и новиот пат сообраќајно ќе му олеснат на градот и на оние кои доаѓаат и (или) иузлегуваат од него.

Мостот е градителска атракција на „Актива ДОО“, долг е 60, широк 10 метри, а тежи 240 тони. Има патеки за пешаци. Тој ќе биде и атракција за љубителите на природата зашто пределот околу мостот е богат со разновидна флора и фауна.

Последен мост на Брегалница е бетонскиот кај автобуската станица преку кој 65 години се одвива најголем дел од сообраќајот во регионалниот центар. Со новиот мост ќе се заштити стариот камен мост кај Градскиот стадион, а ќе му се олесни и на мостот кај автобуската станица.

87774111_747908732400557_1595278860939689984_nНовиот пат тргнува одкај населбата 8 Ноември, продолжува преку новиот челичен мост кој ги сврзува двата брега на Брегалница, излегува кај фабриката за чевли Баргала, одтаму продолжува кон кружниот тек на Булеварот „Гоце Делчев“ и продолжува по него кон индустриските зони и излезот од градот кон Скопје и Кочани.

Мостот е градителско ремек дело на штипска Актива ДОО и самиот по себе претставува нова атракција на градот.

Свеченоста е закажана за 02.март (понеделник) оваа година, во 13 часот, а локацијата е спојот помеѓу улиците Партизанса и Брегалничка.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе