Берово, 29.11.2020
Во Берово од утре започнуваат акција за собирање кабаст отпад. Оваа акција ќе се одвива во текот на целата наредна недела, почнувајќи од понеделник.
-Од утре, понеделник 30 ноември до петок 5 декември ќе се собираат делови од мебел, душеци, теписи и друг кабаст отпад. Граѓаните кои имаат потреба од отстранување на ваков отпад, треба да го изнесат на тротоарите пред своите домови, со цел тој да биде благовремено транспортиран на соодветно место, информираа од Општина Берово.
Кабастиот отпад не е комунален отпад, поради што апелираа до населението, да се придржува кон термините за спроведување на акциите за негово транспортирање.
-Доколку во иднина, се забележи фрлање на ваков отпад во контејнерите за комунален отпад, ќе следуваат санкции од страна на надлежни органи, согласно одлуката за комунален ред, нагласуваат од Општината.
Акцијата ќе се реализира во соработка со јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од Берово, кои по собирањето, кабастиот отпад ќе го транспортира до местото назначено за таа намена.