НИКОЛОВ: Многумин ја „градеа“ браната на Отиња, неа ќе ја има благодарение на оваа политичка гарнитура

Штип, 03.12.2020

Брана на река Отиња ќе има и тоа благодарение на оваа политичка гарнитура и огромната поддршка од Владата. Додека некои  само ветуваа, а други немаа ниту храброст да помислат на браната, ние ветивме и започнувсме со реализација на деценискиот сон на штипјани.

Ова, на прес конференција го кажа кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на СДСМ и коалицијата, д-р Сашко Николов.

-Пред нас е можноста да продолжиме да инвестираме во капитални инфраструктурни проекти кои се важни за развојот на Штип, да градиме по план согласно потребите и барањата на граѓаните! Најголемиот  и најзначајниот капитален проект во нашата општина кој долги години беше само сон за многу генерации штипјани станува реалност, поентираше Николов.

Тој оцени дека проектот  брана на реката Отиња ќе акумилира три милиони метри кубни вода, целиот опфат е 120 хектари во кои покрај водното огледало е предвидена и заштитна зона од 50 метри. Вредност  на проектот е проценета на 7,5 милиони евра, средства обезбедени од Владата на Република Северна Македонија

-За граѓаните на Штип реализацијата на овој капитален објект ќе отвори нови можности за развој на градот и околината, особено во делот на туризмот, угостителството, спортот и рекреацијата. Браната на река Отиња ќе донесе промена на климата, заштита од поплави, но и место за рекреација. Населбите Суитлак и Блок 2.000 ќе се поврзат со улица, која ќе поминува по круната на браната, а со ова ќе се отвори и можност за развој на овој дел на градот.

Во изминатите три години, успеавме да подготвиме основен проект со изработена ревизија, студија за оцена на влијанието врз животната средина, изработивме и усвоивме детален урбанистички план за брана на Отиња, а веќе е започната тендерската постапка, рече Николов..

Тој уште еднаш посочи дека брана на река Отиња конечно и дефинитивно ќе има и тоа благодарение на оваа политичка гарнитура и огромната поддршка од Владата.

-„Некои  само ветуваа, други немаа ниту храброст да помислат на браната, а ние ветивме и започнуваме со реализација на деценискиот сон на штипјани“, рече кандидатот зџа градоначалник на Штип д-р Сашко Николов.

Според Николов, Штип мора да продолжи да се развива како модерна, отворена, европска општина. Затоа е важно Штип да добие градоначалник со полн легитимитет и мандат од граѓаните, кој ќе ги реализира проектите кои се во интерес на граѓаните.

-„Затоа, на 13 декември, излезете и искористете го своето право на глас, за Штип да продолжи да биде во сигурни раце. Изборите ќе бидат целосно безбедни по здравјето на граѓаните“, упати апел Николов..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе