Штип, 14.12.2020
Д-р Сашко Николов, интервентен кардиолог е новиот градоначалник на Општина Штип. Николов на предвремените локални избори за градоначалник на регионалниот центар беше канддидат на СДСМ и коалицијата. ДИК по стопроцентно обработените гласачки места објави дека Николов освоил 11.668 гласа од излезените 14.528 избирачи што е 80,31 процент од оние кои излегле на гласање.
Изборот на д-р Николов за градоначалник беше очекуван, со оглед на фактот дека ВМРО ДПМНЕ ги бојкотираше овие избори.
Изненадување на овие избори е тоа што Симон Поликарп-Џими, кандидат на партијата Интегра кој освои 1.198 гласа или 8,25 проценти. Оваа партија во Штип речиси и нема членство па таа мораше да носи посматрачи од други градови (дури и од Гевгелија).
Секој од останатите тројца кандидати – независниот Трачо Митев, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината е во наши раце“ и Лазар Наумов од ТМРО освоија помалку од 300 гласа.