Кочани, 12.01.2021
Владата на нашата држава намени средства за замена на 2,2 км од цевководот во Кочани Со нејзина одлука, Општина Кочани доби 44,6 милиони денари за изградба на потисен цевковод од пумпната станица во Грдовски Орман до изливниот базен на препумпната станица од водоводниот систем.
– Подобрувајќи го системот за водоснабдување, решаваме едно од суштинските прашања за Кочани за наредните 50 години. Поддршката од централната власт за реализација на капитални проекти е посебно значајна за развојот на Кочани – изјави Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
Со замената на цевководот, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ќе може да го обезбеди максималниот капацитет до потрошувачите од 280 литри вода во секунда.
Цевките на потисниот цевковод во Кочани се стари повеќе од 40 години и потенцијално се подложни на пукање и загуба на големи количини вода.