Штип, 17.03.2021
Солидарниот фонд на Општина Штип на дело. Денес во центарот на градот, на две фреквентни локации, бесплатно беа делени маски за заштита од Ковид 19.
Маските ги делеа градоначалникот д-р Сашко Николов и извршниот директор на Солидарниот фонд Борис Шарковски.
-Почнувајки од денес, од центарот на градот, волонтери од Општина Штип секојдневно ќе бидат на терен и ќе делат заштитни маски на граѓаните. Освен во центарот на Штип пунктови со бесплатни заштитни маски ќе бидат поставени и во сите урбани заедници, но и во руралните средини. Солидарноста отсекогаш била и ќе остане битна одлика на Штип и штипјани“, потенцира градоначалникот Николов кој е и претседател на УО на овој фонд на штипската солидарност.
Таткото на градот уште појасни дека имајќи го во предвид фактот дека сме во пик на нов бран од Ковид 19, носењето маски и држењето дистанца засега се покажува како одличен механизам да се заштитиме од короната, а наша обврска како општина која се грижи за здравјето на граѓаните, меѓу другото е и да обезбеди услови за тоа..
Николов од функцијата градоначалник, но и како доктор уапти апел до жителите на Општина Штип да останат внимателни, да покажат највисок степен на одговорност, да носат маски, да одрржуваат дистанца и да не излегуваат непотребно од дома. Само на овој начин, во очекување на вакцините ќе можеме успешно да се спротиставиме на Ковид 19, порача д-р Николов..