Кочани, 03.04.2021
- Новинар на годината е Столе Наумов од Канал 77 за емисијата Стадион
Новинарите од регионалниот центар „Исток“ во состав на ЗНМ на денешната средба во Кочани ги доделија наградите на најдобрите репрезенти на Источниот регион за 2020 година.
Добитници се:
1.Стопанство: ДИК Фагус-Пехчево, за инвестиции и континуиран развој кои овозможија во општината од која младите се селеа да се отворат 400 работни места. ДИК Фагус годинава ќе ја отвори и фабриката Огражден во Берово каде ќе има работа за 150 лица.
2.Здравство: Инфективното одделение при клиничка болница Штип. Докторите, медицинските сестри, болничарите, хигиеничарите подолго од една година си ги посветија своите животи на здравјето на заразените од Ковид 19.
- 3. Туризам – туристички развој на Пониква во 2020 година што го направи Општина Кочани со што овој единствен зимски туристички центар во регионот стана мошне привлечна и посетена туристичка дестинација.
4.Наука – Факултет за природно-технички науки при УГД за соработката и придонесот кон доброто работење на нашите рудници.
5.Општествена одговорност – Фирма „Брегал“, Делчево за бројни донации на институции и поединци во оваа општина како и вон неа.
6.Невладина организација – ФРЛЗ, Штип за бројни проекти од значење за развојот на регионот:
7.Хуманост – Дарко Гоцевски, Македонска Каменица, за многубројните хумани активности за помош и поддршка на ранливи категории граѓани од Општина Македонска Каменица:
8.Образование – Иле Михајловски, наставник од Свети Николе, повеќекратно наградуван за својата работа со учениците и посебно за работата со децата болни од аутизам:
9.Новинарство – Столе Наумов, новинар на Канал 77, за емисијата Стадион зад која стои неговиот впечатлив новинарски ракопис,
10.Спорт – Кире Лазаров, Свети Николе, наша национална легенда и моментално селектор на ракометната репрезентација на Македонија.
11.Екологија – Орце Николов од Кочани, зачетник на движењето за здрав воздух…
12.Култура/литература: Васил Маневски, Тработивиште, Општина Делчево за трите книги издадени во минатата година:
13.Инвентивност – Здружение „Оризова братимка“ општина Чешиново-Облешево, за производство на би-смарт ориз:
14.Странска амбасада – Велика Британија за бројните донации во регионот и посебно во развојот на медиумите:
- ЖИВОТНО ДЕЛО – БЛАГОЈ МЕХАНЏИСКИ, сопственик на ЗЕГИН, првата приватна компанија за продажба и производство на лекови во нашата држава…
Признанијата на добитниците ќе им бидат доделени на свечената вечер под наслов „Источни оскари“ која е планирано да се одржи во месец јуни/јули во туристичкиот бисер Аурора на Беровско езеро, настанот ќе биде на отворено и со спазување на сите здравствени протоколи.