Во ковид-центрите во различни здравствени установи во земјава има вкупно 1.693 хоспитализирани пациенти со ковид-19, соопшти министерството за здравство. Од нив 697 се во Скопје, а останатите 996 во другите градови.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 62 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 5 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови болни и 13 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 12 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 141 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 148 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 52 болни.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Министерството за здравство соопшти дека до утрово имало 68 кревети, а се очекуваат исписи на излекувани пациенти..
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 996 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на кови-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 85 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 97 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 34, Кавадарци 64, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на корона вирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699, а има околу 340 кревети во ковид центрите.