ШТИП: Романот за деца „Не паркирај гаража“ од Трајче Кацаров излезе и во Украина

13.04.2021

Издавачката куќа „Твердина“ од Луцк, Украина, деновиве го издаде романот за деца “Не паркирај-гаража“ на познатито македонски писател, штипјанецот Трајче Кацаров.

Ова е трета дело, втора книга, на Кацаров преведена на Украински јазик. Претходно беа преведени збирката драмски текстови „Цурки палки“ или „Чалик-чамак“ и пиесата „На клупата“ која воедно имаше и сценска изведба на сцената на театарот „Мист“ од Киев.  Преводот на романот е на Ана Багријана. Илустрациите се на седумгодишната сликарка – ќерка на преведувачката, Оксана Черњаева.

„Не паркирај гаража“ е интересна, впечатлива книга за деца во која се опишани доживувањата на лутаткото Туфе Џинката. Тој е роден во Чушкоград кој пак се наоѓа на јужната хемисфера на планета Феферона.

Туфе Џинката, сака да биде најлутото дете во Чушкоград. За тоа бара од  Чушкозмејот Огненко, да го научи како да исфрла оган од устата. Таквата вештина ќе помогне неговата лутина да биде страшна и опасна. Како да се намами змејот Огненко, да дојде во Чушкоград, на местото наречено „Лутеница“ и како да се наведе да го подучи Џинката да исфрла оган од устата, е сиже на романот кое може да се проследи низ повеќе дејствија кои го прават интересен од првата до последната страница. Романот изобилува со многу ликови чии имиња ја откриваат нивната карактерна особеност. Имињата на ликовите и топонимите произлегуваат од градинарските растенија што само по себе даваат алегоричен назнака на приказната.

Во предговорот кон книга, во украинското издание е дадено објаснување зашто Џинка е „лутко„ и што се може да значи овој збор во македонскиот јазик. Во македонскиот јазик зборот „лут“, за разлика од украинскиот, има неколку значења: остар, горчлив, како и строг, гневен, бесен…

За романот „Не паркирај гаража“, авторот Кацаров ја доби наградата на ДПМ „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца за 2019 год.

Преводот на публикацијата е овозможен со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе