Рудникот БУЧИМ одбележа уште една година на добри резултати, БОРОВ ДОЛ со инвестиции од 69,5 милиони евра

Радовиш, 27.04.2021

Рудникот за бакар Бучим уште еднаш се покажа како еден од водечките капацитети во Македонија, и уште еднаш во личната карта на своето постоење забележа добри резултати во работењето во 2020 година.

Во извештајот на рудникот се констатира дека во минатата година Бучим, кој е рудник што произведува концентрат на бакар што содржи злато и сребро и, чист катоден бакар остварил вкупно производство на сув бакарен концентрат од 28.484  тони (91% во споредба од 2019 година), што содржи   5.903 тони бакар (91% во споредба од 2019 година), 448 килограми злато (76% во споредба со 2019 година) и 862 кг сребро (92% во споредба со 2019 година).

Фабриката за лужење на Бучим и во текот на 2020 година работеше ефикасно и постигна производство на 722 тони катоден бакар со квалитет 99,99% (100 % во споредба со 2019 година).

Добрите производни резултати му донесоа на рудникот и поволни финансиски резултати. Така во изминатата 2020 година, Бучим делуваше во насока на остварување на своите цели и задачи и оствари позитивен финансиски резултат, односно добивка пред оданочување во износ од 15 милиони евра (92% во споредба со остварениот резултат во 2019 година).

Рудникот плати данок на добивка на буџетот на Република Северна Македонија во износ од 1,5 милиони евра (92% во споредба со 2019 година).

Од концесискиот надомест се офајдија и државата и Општина Радовиш. Имено, за концесискиот надоместок за употреба на минерални суровини за 2020 година, исплатени се 1 милион евра од кои 78% (780.000 евра) во буџетот на општина Радовиш и 22% (220.000 евра) во буџетот на РСМ.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во 2020 година изнесуваше 564 евра (106% во споредба со 2019 година).

Перформанси на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG)

Во 2020 година, вкупните ESG инвестиции достигна износ од 472 илјади евра.

Еколошка посветеност

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина најголемо е учеството на трошоците за следењето на состојбата на хидројаловиштето (39%), потоа за  рекултивација на низводната косина на браната на хидројаловиштето (32%), редовен мониторинг на животната средина согласно А-ИЕД (23 %), постапување со отпад ( 4%) и ревизии и проценки oд трети лица од областа на животната средина (2 %) .

Квалитетот на воздухот во Бучим се следи на три мерни станици преку 24-часовни идикативни мерења на PM10 честичките. Во текот на 2020 година, нема забележано надминување на граничните вредности за квалитет на воздухот.

Рудникот Бучим по реализација и исполнување на обврските од оперативниот план, годинава од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доби А – Интегрирана еколошка дозвола.

Општествена одговорност

Бучим обезбеди поддршка за развојот на културните и спортските друштва, предучилишните, училишните, културните, јавните и здравствените институции во општина Радовиш. Рудникот активно се вклучи во борбата за справувањето со коронавирусот во Република Северна Македонија и покрај донирањето на заштитна опрема, додели и парични средства на Министерство за здравство, на здравствени домови во општините Радовиш, Штип и Струмица и на Општинска организација Црвен Крст во Радовиш.

Во 2020 година, исто така рудникот продолжи да ги обезбедува со техничка вода околните села Тополница и Бучим. Вкупно, за време на извештајниот период, за ова намена се испорачаа околу 50 илјади м³ вода.

Безбедност и здравје

Успешно се реализирани обуки на 111 вработени, за подобрување на знаењета и свесноста за БЗР со конкретни резултати – без сериозни повреди и смртни случаеви за време на извештајниот период.

ISO стандарди

Во 2020 година Бучим беше ресертифициран според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015.

Развој на Боров Дол

Kомпанијата комплетно се посвети на извршување на сите задачи и успешно ги реализираше поставените планови за претстојното отпочнување на работа на рудникот Боров Дол.

Во 2020 година, Боров Дол во потполност ја реализираше изградбата на технолошките објекти. Завршена е изградбата на транспортната лента, објектот за примарно дробење и затворено складиште за руда. Инфраструктурните објекти и помошните згради се релизирани во обем од 95%, со состојба на 31 декември 2020 година.

Вкупната инвестиција во проектот Боров Дол достигна 69,5 милиони евра.

Боров Дол инвестираше 29,9 милиони евра во набавка на нова опрема и потроши 19,5 милиони евра за раскривка на рудното рело. Во 2020 година, Боров Дол ги заврши сите градежни работи, кои што достигнаа вредност од 17,1 милиони евра.

Клучни инвестиции во 2020 година

10,7 милиони евра за градежни работи (168 % во споредба со 2019 година).

14,6 милиони евра за набавка на потребна опрема (103 % во споредба со 2019 година).

7,9  милиони евра за раскривка (67% во споредба со 2019 година).

Производствени показатели во 2020 година

Во 2020 година, Боров Дол продолжи со инвестициската раскривка, при што се ископани 10 милиони тони искoпина (12,7 милиони тони во 2019 година).

Перформанси на еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG)

Вкупните ESG инвестиции во 2020 година изнесуваа 75.400 евра. Средствата беа наменети за извршување на следниве активности:

Животна  средина

Во 2020 година нема пријавено инциденти или сознанија за загадување на животната средина во концесисикиот простор  на  Боров Дол.  Компанијата континуирано го следеше биодиверзитетот и квалитетот на животната средина во областа на концесијата. Боров Дол вклучи ревизии и проценки од страна на независни експерти  од областа на животната средина, со цел да се следат потенцијалните ефекти и да се направат подобри еколошки одлуки за спречување на несаканите влијанија и подобрување на условите и состојбата со животната средина, како и осигурување на високо ниво на заштита на животната средина.

Во првото тримесечје од 2021 година, Боров Дол доби А-Интегрирана еколошка средина, а до крајот на годината компанијата планира да ги имплементира меѓународните системи за управување со квалитет и управување со животната средина според ISO 9001: 2015 и ISO 14001: 2015

Општествена одговорност

Боров Дол постави нов систем за греење во градинката во општина Конче, осигурувајќи дека се обезбедени сите потребни услови за современ и безбеден престој на најмладите жители. Набави таблети и обезбеди годишна интернет конекција за учениците од социјално загрозените семејства во Конче. Ја поддржа реставрацијата на 200 годишната црква во Радовиш и помогна во реконструкцијата на локалната патна мрежа во Конче. Боров Дол, исто така обезбеди и заштитни маски и антисептици за локалните жители, со цел да се намали ризикот од ширењето на Ковид-19 вирусот.

Безбедност и здравје

Во текот на 2020 година, во Боров Дол нема пријавено сериозни повреди или смртни случаи при работа. За време на извештајниот период, вкупно 60 работници, од 101 вработени, беа дел од обуките во областа на безбедноста и здравјето при работа (БЗР).  Компанијата ги изврши сите потребни механички и електрични тестирања на работната опрема и објектите.

Целосниот извештај може да го проследите на следниов линк: https://bucim.com.mk/резултати-од-работењето-на-бучим-и-бор                Kристина Крстева

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе