ШТИП: Стојан Матавуљ, првенец на Вараждинскиот народен театар вели дека врската со Штип е нераскинлива
Штип, 26.09.2021
Стојан Матавуљ е првенец е во Хрватското народно позориште – Вараждин. Тој 40 години е на театарската сцена, а денови беше во Штип каде пред бројна публика, во Домот на култура „Ацо Шопов“ ја изведе монодрамата „Смеа во време на корона“ која до солзи ги насмеа штипјани,
Во интервју за Штипски Глас Матавуљ потенцира дека Штип и Вараждин имаат заеднички нешта како во областа на стопанството исто така и во областа на културата.
„Тој факт можеби е добра основа да покренеме иницијатива за збратимување на двата града. Вараждин како и Штип во бивша Југославија беа градови со најразвиена текстилна индустрија и од тоа време се до денес останаа бројни пријателства на луѓе кои соработуваа во оваа стопанска гранка. Добар дел од тие пријателства траат и денес. А тука е и соработката на нашиот со штипскиот Народен театар која трае цели 12 години“, вели Матавуљ.
Во интервју за Штипски Глас, кој е единствен печатен медиум лево од реката Вардар, а кој ќе излезе од печат во првите окомвриски денови, хрватскиот актер со импозантен стаж на даските кои живот значат, зборува и за гостувањата на Штипскиот театар во Вараждин и на Вараждинскиот во Штип, ја појаснува синергијата која само добри актери со добри претстави можат да ја остварат со публиката, го образлага и настанот кога актерите, на крајот од претставата ќе и се поколонат на публиката и зошто тој чин го прават…