РУДНИК БУЧИМ: Во несреќен случај загинаа две лица

Радовиш,13.10.2021

Денес, 13 октомври 2021 година, во 11:43 часот, во рудникот за бакар “Бучим” ДОО Радовиш, во работната единица флотација се случи несреќен случај, при што две лица се починати.

Во официјалното соопштение од рудникот стои дека двете починати лица се подизведувачи од Алпинистички клуб ПЛОЧА –  Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи –  чистење на високо недостапни силоси.  На лице место на несреќата, медицинскиот персонал на Бучим веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и лицата се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница –  Штип, каде што е констатирана смрт.

Известени и повикани се на лице место сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени.

“Бучим” ДОО Радовиш го искажува своето искрено сочувство до семејствата на починатите лица.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе