Штип, 20.11.2021
Емил Павлов го постигна најголемиот успех на македонското карате. На светското првенство во Дубаи штипјанецот Павлов се бореше во финалето во кое загуби од од олимпискито првак Дакоста.
Штипските каратисти ги донесоа најголемите успеси на македонското карете. Големиот успех на Емил Павлов доаѓа по период од 11 години, зашто во 2010 година Жарко Арсовски на светското првенство го освои бронзениот медал. Жарко и неговиот брат Сашко Арсовски се тренери на Емил Павлов, а на светското првенство во Дубаи со Емил е и неговиот тренер Жарко.
Емил Павлов е најтрофејниот каратист на Македонија. Тој е двократен европски првак (Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година) и двапати го освојуваше бронзениот медал (Монпелје 2016 и Гвадалахара 2019). Павлов е освојувач и на бронзен медал од Европските игри 2015 во Баку, Азербејџан.