Штип, 09.05.2022
Штипското Здружение на пензионери поседува контрабас стар 87 години. Раритетниот музички инструмент е ставен во посебна кутија со стаклена врата на предната страна, заклучен е, а на горната страна од стаклото е залепе текст-информација со неопходните податоци за потеклото на инструментот, неговата старост и сопственикот на истиот.
-Констрабасот е во нашето здружение уште од седумдесеттите години на минатиот век. Му припаѓал на Културно-уметничко друштво кое работело при Здружението на пензионери. Низ сите овие години инструментот е убаво и со многу љубов чуван и зачуван во одлична состојба. Под клуч е зашто цениме дека има раритетна вредност, вели Ристе Нетков, претседател на Здружението на пензионери.
Контрабасот е изработен во 1935 година во Фиренца, Италија. Според Википедија тој е на најголем и според регистрите најдлабок гудачки инструмент со четири жици (порано имал три). Припаѓа на групата гудачки инструменти, како и виолината, виолата и виолончелото. Гудалото за контрабас е најкратко и најтешко во однос на останатите. Се свири стоејќи или седејќи на висок стол, стои во слободната светска енциклопедија.
Својата солистичка улога контрабасот ја стекнал дури во малите состави на џез музичарите, а какло што можеме да заклучиме од овој счучај контрабасот бил и дел од музичките инструменти на кои свиреле штипјани во рамките на пензионерското КУД.