ШТИП: „Поштарот“ на Кацаров пристигна во Домот на млади

Штип, 16.05.2022

Културниот живот во Штип станува се побогат и се поразновиден. Штипската публика утревечер ќе може да ужива во ново театарско остварување во Домот на млади каде одбрана тричлена актерска екипа ќе ја донесе на сцената драмата „Поштарот“ од штипскиот и македонски писател Трајче Кацаров.

280465418_1158579378228711_3708483936723598146_n
Т. Кацаров

-Приказната е семејна и таа зборува за аленацијата, за брачната отуѓеност. Зборува за тоа колку се познаваме иако со децении делиме иста брачна постела. Виновен за тоа е тајниот живот, живот кој можеби го живееме под диктат на неостварените соништа, вели авторот Кацаров.

Кацаров го цитира филозофот Карл Јесперс кој запипшал: „Каде има тајна нешто не е токму“.

-Има ли нешто што не е токму во животот на поштарот? Тоа е прашање за неговата жена и за дојденецот. А по се изгледа дека е и за поштарот, посочува Кацаров.

Она што треба да биде како порака е: ако откривањето на тајната е болно, тогаш чувањето на тајната е лек за здрав живот.

Поштарот го игра – Благој Чоревски

Улогата на Даница и е доверена на – Марија Кондова

Дојденецот го игра – Игор Ѓеорѓиев.

Претставата ќе се игра утревечер, 17 мај 2022 година во Домот на млади со почеток во 20 часот.

Влезницата чини – 100 денари.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе