СКОПЈЕ: Утре Конгрес на партијата на пензионери, избор на раководство и декларација за идното политичко делување
Скопје, 17.06.2022
Утре, во 11 часот, во хотел Континентал, Партијата на пензионери ќе го одржи својот конгрес на кој ќе се спроведат изборни активности за избор на претседател на Партијата и другите органи на централно ниво за наредниот четиригодишен период.
Покрај изборните активности Собранието на Партијата на пензионери ќе донесе и Декларација (политичка платформа) со насоки за своето идно политичко делување. Посебен акцент во декларацијата ќе биде даден на пензиските политики насочени кон примателите на минимални пензии, како и на неопходната потреба од донесување на Долгорочна државна стратегија за развој на земјата, со цел стабилизирање на состојбите и доизградување како просперитетна, демократска, слободна, правна, праведна, ефикасна, социјално избалансирана, солидарна, функционална, стабилна и интегрирана европска држава.
На Конгресот се поканети и гости од коалиционите партнери на чело со СДСМ.
Конгресот е отворен за новинари и фоторепортери.