Македонска Каменица, 30.06.2022
Почитувајќи ја напорната работа и посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, менаџерскиот тим на рудникот САСА од Македонска Каменица донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, соопшти попладнево дирекцијата.
Почнувајќи од утре, 1.јули 2022 година, сите вработени во Рудник САСА ќе добијат зголемување на вкупно исплатената плата од дополнителни најмалку 4.300 денари. Со тоа, просечната плата што ја обезбедува САСА ќе биде до 80 проценти повисока од просечната плата во земјава.
СКОТ ЈЕЛАНД: Овие зголемувања на платите се дел од нашата трајна определба за обезбедување благосостојба и социјална сигурност на сите наши вработени, со тоа што тие ќе бидат соодветно наградени за нивните напори и постигнувања.
Ова зголемување на платите го надополнува зголемувањето на нето платата од три проценти што Саса го исплатува од јануари годинава. Дополнително просечно зголемување од 3 проценти добија работниците преку прилагодување на неделните часови во смени, што исто така беше спроведено оваа година. Така, со најновото покачување, платата на секој вработен во Рудник САСА само во текот на 2022 година е зголемена за најмалку 10 проценти.
„Овие зголемувања на платите се дел од нашата трајна определба за обезбедување благосостојба и социјална сигурност на сите наши вработени, со тоа што тие ќе бидат соодветно наградени за нивните напори и постигнувања. Истовремено на овој начин сакаме дополнително да ги мотивираме нашите вработени со цел да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во работењето. Паралелно, продолжуваме да инвестираме и во модернизација на производството, во безбедноста, во заштитата на животната средина и во проекти што се значајни за локалната заедница, со што се трудиме да обезбедиме натамошен одржлив развој на САСА“, изјави генералниот директор на САСА, Скот Јеланд.