Буши “дупи” кај бургија не може !?

И така, со секој нов ден, напредуваме се повеќе и повеќе!

Во нормални времиња, психијатрите имаат свои пациенти. Во ненормални, тие стануваат пациенти, учеше Ернест Крамчар, психијатер од предхитлеровско време.

Мачо свештеник од Ватикан, наводно, злоставувал дваесетина калугерки, а на две им предложил да имаат групен сех!

За почеток, во тројка!

Мора да бил вешт и оригинален во убедувањето (оправдувањето на гревот), штом посегнал и по Севишниот, објаснувајќи го гревот како света доблест, на начин што, со чинот, ќе го повторат односот помеѓу Бог, Исус и Светиот Дух.

Светиот Казанова, од Светото тројство,  во моментов, е директор на центарот „Центро Алети“ во Рим!

Оваа неверојатна сторија, во јавноста продефилира, паралелно со писанијата за несташлуците на заменик министерот во МВР Буши, најнапред, со возилата и патните вратоломии на неговото синче, а потоа и со, исто така, за нас овоземјаните, неверојатната сотрија за хотелот на Босфорот, каде Буши платил, односно му биле платени, “само” 20 илјади евра за една ноќ!

Собата  (suitë presidenciale), била пространа “само” половина фудбалско игралиште, Ниту илјада метри квадратни. Само 850 метра квадратни!

Имаат, ли, сличност сториите за ватиканскиот мачо – свештеник и овие за нашоиот мачо -хедонист Буши?

Секако.

Имено, како што вели нашиот шеговит премиер, по принципот, “речено – сторено”, минималната плата што ќе започне да се исплатува од месец април за 80.000 граѓани во нашата земја, ќе биде во висина од “најмалку” 18.000 денари.

Најмалку, значи, 18.000 денари! Можно е да се натфрли оваа сума за, да кажеме, недостижните 19.000 денари.

Денари, не евра! Ама, пак, и како денари, најниската плата на нашите работници, ќе биде, сепак, пониска од сумата на апартманот на Буши за една ноќ. Уште и во евра!

Како и во првиот случај со возилото на синчето, опремено полициски, и во вториов случај, во кашата се најде и МВР.

Возилото не било возило, а 20-те илјади евра, како што се дообјаснува Буши, и не биле пари (банкноти), туку само некаков подарок од “двајца негови скопски пријатели”!

Машала, аферим!

Ајде, и не морам да бидам јас тој, ама, има ли уште еден во Македонија, кој може да добие подарок од 20 илјади евра, само затоа што е докажан хедонист и има убави очи?

Објаснувањето на нашиов хедонист, апсолутно се отсликува со она на ватиканскиот свештеник. Гревот не е грев, туку е доблест и светост!

И не само неговиот, туку и оние со смислената, судско – обвнителска и адвокатска игранка околу трансферот на затвореникот Мијалков од Струга до Скопје.

Како што поканата за рочиштето беше антидатирана, така и престојот на Буши бил антидатиран. Во моментот кога тој го ПЛАНИРАЛ патувањето, сеуште, не бил заседнат во министерското столче!

Буши досега не чул, ниту во партијата (најгласна за ветинг!) му објасниле што е тоа влијание и тргување од интерес! Не му кажале што е тоа служење на народот со личниот пример! Од англиски ниту А знаел, те од каде да знае дека министер значи слуга, а не господар! Не паша! Не султан кој си дозволува некој да му плати апартман од 20 илјади евра за една ноќ!

Буши “дупи” кај бургија не може !?

I nderuar zoti Bushi!

Нека ми биде дозволено да наведам два – три примери, колку јас, самиот, сум бил наивен, неснаодлив, неподобен за владини одаи? Единствена олеснителна околност ми е што во тоа време не знаев за “војвотката” од Гази Баба, Невенка, која за Маќедоња, “венее” со две плати во една иста институција!!!

Кога самиот обавував владина функција на твое рамниште, платата ми беше нешто над 20 илјади денари. Годишно на медиуми, со мој потпис (предлог) и одлука на владата, распоредувавме околу 2,5 милиони марки, или ервцра – сеедно. Поголемиот дел од уредниците се живи и здрави. Јавно ги повикувам, да соопштат дали сум побарал само еден денар назад?

Во еден период, паралелно, како втора, најчесто ноќна смена, ја “опонашав” и функцијата -раководител на Kанцеларијата за јавност во владата на Црвенкоски. Сполај му на Бога, здрав и жив ни е Бранче, здрава и весела (а најчесто кисела!) ни е и шефицата на Кабинетот, Наташка. Јавно ги повикувам да соопштат, дали за тој труд сум побарал, или добил, макар, еден денар?

Уште еден пример. Една година, на институцијата што ја раководев и се падна да ја застапува земјата на Конференцијата на франкофонијата во Рабат, Мароко.

Мојата соработничка, франкофон, ми ја предаде поканата, заедно со информацијата дека апсолутно сите трошоци ги сноси опрганизаторот. Само од таа позиција, го прифатив патувањето.

На враќање требаше да се спие во Париз. Од тогашниот амбасадор, личен пријател, побарав да обезбеди хотелско сместување за една ноќ, кое нема да премине стотина марки, или евра. Така и беше.

По враќањето, соработничката дојде со сметката да го наплати својот трошок за својот престој.

Извинете, реков, договорот беше – ниту денар трошок за институцијата.

Така и беше. Жива и здрава ни е, тогаш не ме разбра, можеби се подналути, но, како и да е, еве денес, прилика, јавно нека негира, или потврди.

Mirupafshim zoti Bushy!

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе