Бизнис партнерот на Арсенчо, фирмата Кадоро ОТТО продолжува да манипулира со работниците?!
K рива Паланка, 30.03.2017
- На средбата со работниците кај Алексовски можеше да се забележи негрижата но и глумата на градоначалникот, кој ги прашуваше работниците каде се газдите на фирмата, демек не знае, а всушност неговата фирма има секојдневни контакти со првите луѓе на Кадоро ОТТО.
Повторно работниците од Кадоро ОТТО ДООЕЛ излегоа на протест да си ги бараат заостанатите плати и придонеси.
Охрабрени, во голем број, маршираа се до општинската зграда каде бараа средба со градоначалникот на општината Арсенчо Алексовски, чија што фирма Траншпед-Трејд е партнер фирма со Кадоро ОТТО, односно целиот извоз кој го прави Кадоро ОТТО оди преку шпедитерската фирма на Арсенчо, Траншпед Трејд.
Од средбата помеѓу работниците и Алексовски можеше да се забележи негрижата но и глумата на градоначалникот, кој ги прашуваше работниците каде се газдите на фирмата, демек не знае, а всушност неговата фирма има секојдневни контакти со првите луѓе на Кадоро ОТТО.
И додека работниците веќе три месеци немаат земено плата ниту им се платени придонеси, Кадоро ОТТО спрема фирмата на Алексовски, Траншпед Трејд, дознаваме дека редовно ги сервисира односно плаќа трошоците за извршените шпедиторски услуги.
Значи, за Арсенчо има пари а за работниците нема.
(с.б.)