Кочани, 21.07.2023
Доброволното противпожарно друштво Кочани, во овие пеколно топли летни денови, одново ги освои срцата на своите сограѓани. Спроведоа низа акции како полевање на дрворедите градот за да се сочуваат младите дрвца, носеа вода за луѓето од селата во кои водата секнала, делеа шишиња вода и брошури на возачи и граѓани заради нивно едуцирање како да се однесуваат во услови на толку високи дневни темепратури и за опасностите од пожари со цел нивно избегнување, односно за внимателно и претпазливо однесување со оган. За работата на кочанските противпожарни доброволци разговараме со Златко Илијев, претседател на друштвото.
-Настанавме како плод на големиот пожар кој на нашиот град му се случи на 2-ри август 2021 година. Јас лично бев вклучен во гасењето на тој пожар од самиот почеток кога избувна над селото Бели и потоа со многу голема брзина се прошири и дојде до првите куќи на градот, а некои од нив беа и зафатени од огнените јазици. Додека траеше гаснењето, а пожарот секако дека не бев во можност да размислувам што можеме да направиме за да ја зголемеме бројката на пожарникари, но веќе следното утро почнав да размислувам токму на таа тема како да ја промениме таа слика на немоќ и неискуство. За мене имаше два битни моменти: првиот беше да обезбедиме масовност, зашто многу сограѓани дојдоа да помогнат макар и само со шише вода да учествуваат во гаснењето на огнот, а вториот момент беше сознанието за нивната неспремност и неопременост, вели Илијев.
Првиот човек на ДПД Кочани вели дека тоа било иницијалната каписла кога решил да ја сподели идејата со пошироката јавност која во старт наишла на огромна подршка.
-Идејата беше дел од овие луѓе да се соберат во една организација да добијат соодветна опрема и обуки за да можат по полесно да се справуваат со ваков вид на пожари. Не побарав мислење речиси од никого само ја споделив идеата со моите блиски кои можеби не беа свесни како сето тоа би функционирало но ми даваа подршка. Секако дека имаше и такви кои велеа дека од тоа нема да биде ништо и дека сите мои заложби се залудни, но јас бев истраен и пред се цврсто убеден дека сето овоа може да функционира кај нас и официјално од 15 септември 2021 Друштвото беше регистрирано како здружение на граѓани, објаснува Илијев.
Неговата идеја веднаш била прифатена од професионалното противпожарно друштво во градот.
-Најпрвин разговарав со бившиот командир на ТППЕ Кочани, Влатко Јевтимов кој ме упати да го побарам тогашниот командир Благојчо Паунов. По средбата со Паунов добив уште по голема подршка затоа што, како што кажа тој, во тој момент тој разговарал за ова со тогашниот градоначалник Николчо Илијев, но недостасувал некој кој ќе ја преземе работата во свои раце и ќе ја истера до крај. Идејата наиде и на подршка и на градоначалникот Илијев како и на сите пожарникари од ТППЕ Кочани и целата таа соработка трае и денес и покрај тоа што имаше смена на раководството во ТППЕ Кочани и Општина Кочани.
Неколку пати бевме ангажирани и како редарска служба на спортски настани од различен карактер. Четири пати бевме ангажирани во потрага на исчезнати лица, спроведовме неколку акции за дарување крв од членови на ДПД Кочани грижејки се за животната средина, спроведовме неколку акции за пошумување на опожарените делови и расчистување на диви депонии. Организиравме и донаторски акции во кои помагавме на социјално загрозени семејства и деца од социјален ризик, вели претседателот Златко Илијев.
На првиот јавен повик преку официјалната фб страна на Друштвото се пријвиле 50 членови од кои денес се активни 30, а четири од нив се жени. Најмладиот член Љубомир Тодоров има 24, а Гоце Василков со 52 години е навоздрасен член.Во Друштвото членуваат различни профили на граѓани од најразлични професии речиси да имаме човек за се. Имаме членови кои се високообразовани и повеќето работат во приватниот бинзис сектор на позиции како маркетинг менаџери, раководители на продажба и комерцијалисти, неколкумина се вработени во јавниот сектор, има и управители на приватни фирми како и општи работници во приватниот сектор.
-ДПД Кочани од своето основање постави два основни приоритети како обезбедување на соодветна опрема и обуки како членовите би се стекнале со основното искуство за справување со пожари на отворено и шумски пожари. Обуките од самиот почеток ги започнавме со припадниците на ТППЕ Кочани кои несебично ни го пренесуваа своето знаење и долгогодишното искуство во својата работа за кое сме и благодарни. За околу месец дена успеавме да најдеме донатор за нашата прва работна униформа од Агенцијата Адлер на чело со Андријана Горгиева. Уште на првиот разговор со неа таа се погрижи да во најкраток временски рок ни ја обезбеди униформата за сите членови за што искрено сме и благодарни. Како гест на благодарност Андријана со одлука на советот на ДПД Кочани беше именувана како почесен член и подпретседател на друштвото. Кратко по работната униформа добивме уште една донација од ТППЕ Кочани која се состоеше од 13 интервентни одела што за нас значеше дека 13 наши членови ќе бидат униформирани и ќе можат да излегуваат на терен. Во иднина следуваа уште неколку донации што во целост ја униформираа нашата интерветна единица. Друштвото во своето неполно двегодишно постоење преку донации успеа да обезбеди две ПП возила и едно возило за технички интервенции. Возилата се прилично стари на години но се функционални и се надеваме дека долго ќе ни користат. И двете возила се набавени од странство односно едното од Хрватска, а другото од Словенија. Со оглед на тоа дека бевме во посета на овие две балкански држави и нивните доброволни друштва можам да кажам дека ние во Македонија мака мачиме со опрема, возила и обуки за пожарникари.
Го прашуваме нашиот соговорник како денес се титулираат пожарникарите кај
нас , во Европа и во светот?
-ДПД Кочани сппроведува пракса на работа по теркот на поразвиените земји од нас како Хрватска и Словенија. Во овие две држави, но и во државите ширум Европа, работата на доброволните друштва е со голем обем. Пожарникарите во Европа и светот веќе не се само пожарникари кои само гасат пожари туку и се додаде уште една придавка „Спасители“. Само тоа кажува дека работата на пожарникарите е сеопфатна. ДПД Кочани во своето работење има учествувано во повеќе интервенции на пожари на отворено но и на урбани пожари, поплави како и друг вид на технички интервенции. Организирвме и неколку акции за превенција од пожари за кои сметаме дека треба да бидат почести и сите да бидеме фокусирани на превенција и заштита од пожари се со цел да се намалат штетите од пожари кои се многу големи и временски тешко обновливи.Неколку пати бевме ангажирани и како редарска служба на спортски настани од различен карактер. Четири пати бевме ангажирани во потрага на исчезнати лица, спроведовме неколку акции за дарување крв од членови на ДПД Кочани грижејки се за животната средина спроведовме неколку акции за пошумување на опожарените делови и расчистување на диви депонии. Организиравме и донаторски акции во кои помагавме на социјално загрозени семејства и деца од социјален ризик. ДПД Кочани и во иднина ќе остане доследно во рамки на своите можности и ресурси да помага секаде каде што е најпотребно за доброто на сите граѓани на Општина Кочани и соседните две Општини Зрновци и Чешиново-Облешево, но доколку е потребно секако дека ќе бидеме во функција на сите граѓани на државата. коментира Илијев.
Тој вели дека за прогрес на доброволните друштва како активни чинители на заедницата итно е потребна систематизација како и поголема подршка од локалната самоуправа и државата. Користење на одредени бенефити како стимул за нивната работа но и како потик за нови членови пред се млади лица кои во иднина ќе ја шират мисијата за доброволното пожарникарство и општо за пожарникарството како една од најхуманите професии во светот. Голем проблем е и недостатокот на напредни обуки за пожарникари преку кои доброволците ќе се стекнат со поголеми вештини во справување со сите предизвици со кои се соочуваат на терен.