Во рудник САСА е задоволство да работиш, а зошто кажува најдобриот работник во Источниот регион, рударот Жарко Илиевски
Македонска Каменица, 20.11.2023
Жарко Илиевски, 42 годишен жител на виничкото село Истибања, работи како оператор на машина за товарање на руда во јама во рудникот за олово и цинк САСА во Македонска Каменица. Во овој рудник Жарко работи и си ја заработува платата цели 17 години, а за своите високи работни остварувања тој годинава доби две големи признанија: прво, беше прогласен за најдобар рудар во Саса помеѓу двата рударски празника (28 Август 2022-28 Август 2023 година), а неодамна и новинарите од регионалниот центар „Исток“ му ја доделија наградата „Работник на годината во Источниот регион“ во рамките на деветтата по ред манифестација „Најдоброто од истокот“ кoја е во организација на Регионалниот актив на новинари „Исток“..
-За рударството, со право се вели дека е една од трите најтешки професии во светот, но јас тврдам дека да се работи во рудникот за олово и цинк „Саса“ не е мака туку е привилегија, вели Жарко. Привилегија е затоа што сопственикот на рудникот Централ Азија Металс не жали пари секогаш да ја набави најдобарата позната рударска технологија во светот со што значително се олеснува трудот на нас рударите. Вториот аспект е во начинот на кој во „Саса“ се води грижа за здравјето и безбедноста при работа но и како се вреднува трудот на секој рудар, при што се ценат и квантитетот и квалитетот на сработеното, додава најдобриот рудар во најдобриот рудник во нашата држава.
Го прашуваме Илиевски за тоа како е вреднуван неговиот труд, односно гтрудот на најдобриот рудар во рудникот во Македонска Каменица.
„Во рудникот доаѓам со радост, и тоа е така секој работен ден. Знам дека тука трудот на секој од нас се цени, а тоа нас не мотивира на највисоки можни остварувања. Ја имаме најсовремената опрема за колективна и лична заштита при работа. Најмалку еднаш во годината одиме на обуки и полагаме тестови за заштита при работа зашто здравјето и безбедност при работа на рударите во САСА се врвен приоритет“.
-За својата посветеност на работата, за резултатите од мојот труд, месечно дома носам над 60.000 денари. Платата никогаш не е статична туку таа зависи од сработеното што сите нас не мотивира да остваруваме што подобри резултати. И поради тоа нашиот рудник е најдобар на Балканот, а можеби и пошироко. Има и трет аспект, а тоа е грижата за здравјето и безбедноста при работа во рудникот која е на највисоко ниво и за која Централ Азија Металс и менаџерскиот тим не жалат да издвојот толку јколку што се неопходни финансиски средства, вели Жарко.
Со својата машина Жарко дневно, од точка „а“ до точка „б“ превезува од 150 до 250 тони руда, а се во зависност од оддалеченоста на двете точки. До ден денешен тој нема неоправдани изостанувања од работа и важи за рудар силно посветен на своите работни задачи.
-Во рудникот доаѓам со радост, и тоа е така секој работен ден. Знам дека тука трудот на секој од нас се цени, а тоа нас не мотивира на највисоки можни остварувања. Ја имаме најсовремената опрема за колективна и најдобрата лична заштита при работа. Најмалку еднаш во годината одиме на обуки и полагаме тестови за заштита при работа зашто здравјето и безбедност при работа на рударите се врвен приоритет, ги појаснува Жарко нештата.
Во Саса се му е бесплатно. И превозот од неговото Истибања до рудникот, и исхраната, а има и други бенефиции.
Жарко е сосема во право кога го кажува ова. Тргнувајќи од својата трајна определба за грижа за вработените и нивната благосостојба, Рудник САСА обезбедува низа бенефиции за сите вработени. Покрај основната плата која е за околу 60% поголема од македонската просечна плата, вработените во САСА, два пати годишно, за Денот на рударите и за Нова Година, добиваат и дополнителни парични награди и надоместоци (бонуси), чија вредност се одредува според придонесот за безбедноста и здравјето при работа и за остварување на безбедно и стабилно производство.
Исто така, на вработените во САСА редовно им се исплатуваат додатоци на плата за прекувремена, ноќна, сменска и работа во недела кои се од 5 до 15% повисоки од додатоците што се предвидени со општиот колективен договор кој важи за сите компании и работодавачи во земјава. Вработените во САСА имаат и повеќе денови годишен одмор, како и други платени денови што можат да ги користат за различни лични и семејни потреби.
Во рамки на САСА функционира кантина каде секој вработен во рудникот има можност во текот на работното време да избере помеѓу четири вида топли оброци, како и еден дополнителен сув оброк за вработените кои работат во јама и на други работни позиции. Постои и организиран транспорт на вработените од и кон своите места на живеење, а за оние што живеат во други градови им се исплатуваат патни трошоци.
САСА подеднакво се грижи и за личниот и професионалниот развој на вработените, па оттаму редовно се организираат различни видови обуки, тренинзи и програми, а вработените имаат можност да аплицираат и за стипендии за додипломски, пост-дипломски и докторски студии, како и за стручно усовршување.
Сите овие нешта го позционираа рудникот „Саса“ на второ место по успешноста во националното стопанство и на 33 место по остварениот приход за 2022 година.