ЗАБОРАВЕТЕ НА ЗГРАДАТА (АРХИТЕКТУРАТА), ЌЕ ВИ ЈА ВРАТИМЕ ПЛОЧАТА (ИСТОРИЈАТА)!

КУЧИЊАТА ЛААТ, КАРВАНОТ СИ ВРВИ! Многу врева, ЗА МНОГУ ШТО, се дигна, деновиве, откако инвеститорот, сопственикот на спорна градба (“реконструкција!”), во строгиот центар на Охрид, практично, сруши стара, автентична градба од историско значење, ја догради и нагрди, за на крајот, да нагрди ( вели – вре,мено ќе било!) и знаачаен, чувствителен дел од поновата македонска историја.
Покрај што гради на своја рака и по своја мерка, ја отстранил и Спомен плочата пред објактот, која говори за исклучително важен настан од времето на НОВ во 1943 година, односно за судењето на најрепрезентативниот повоен лидер, Лазар Колишевски и осудата на смрт од страна на прекиот воен суд на тогашниот монархо фашистички режим на соседна Бугарија.
Ја вратил, или, не тој се ппоигрува со нас, како јавност, институции, држава… Еве ви коска за глодање:ЗАБОРАВЕТЕ НА ЗГРАДАТА (АРХИТЕКТУРАТА), ЌЕ ВИ ЈА ВРАТИМЕ ПЛОЧАТА (ИСТОРИЈАТА)!
Што би рекле охриѓани:батиса кајчето, да го спасуваме веслото!
Само што, во овој случај, или проблем, веслото не е мала работа, тоа е како цела планина со шума, а ние од лисјата не ја гледаме шумата!
Проблемот, инаку, сами си го создадовме, дозволувајќи, како што се шегувавме на познатите, веќе подзаборавени, охридски визити: да заминат питомите, кога ќе пристигнагт дивите! Клучевите на градот, волно, или, неволно, поданички, ги предадовме во рацете на пробисветот: првите рекетари во независна Македонија, “гласачите!” со калашникови на избори, наместо пенкала, “бизнисмени!” со четири години училиште…
Проблемот е повеќеслоен. Од правен, историски, културолошки аспект, граѓанско – охридски, па се до дневно политички. Малку и контрадикторен. Прашината што ја дигна “Спомен плочата” пред објектот, ја покри темата со нелегалноста на самиот објект!
ЗАБОРАВЕТЕ НА ЗГРАДАТА (АРХИТЕКТУРАТА), ЌЕ ВИ ЈА ВРАТИМЕ ПЛОЧАТА (ИСТОРИЈАТА)!
Нема живи охриѓани директни учесници во партиската провала и судењето (поткажувачи-сведоци-бранители…), но, сеуште, се живи спомените кај нивните синови, ќерки и внуци. Затоа и не ги именуваме во оваа прилика,
А, и кај некои од нас, подоцна вклучени во процесите, па, и кај авторот на овие редови, директен сведок и учесник во чинот на поставувањето на плочата (1983) година, во својство на автор-новинар, односно главен и одговорен уредник на весникот “Езерски Глас” и директор на “Радио Охрид”, чии продукти се цитиран извор на историската наука (“Езерски Глас” , број 132 од 28 ноември 1983).
Одлуката за поставување нас Спомен плочата ја донесе тогашниот Општински комитет на СКМ, раководен од инжињерот Иван Ристески (ние постарите новинари му наденавме прекар – Мубарак!), на свечена седница, по повод одбележувањето на 40 годишнината од формирањето на КПМ. Таа e втисната на плочата и гласи:
“Прекиот воен суд на бугарскиот фашистички окупатор, судеше група комунисти поради организирање вооружено востание на македонскиот народ поротив окупаторот. Осудени беа: Лазар Коилишевски – на смрт со бесење, Петре Пирузе, во отсуство – на смрт со бесење, Кирил Главинчев – на 12 месеци и 6 месеци строг затвир, Андон Дуков, во отсуство – на 12 години 6 месеци строг затвир и Јаким Спировски, во отсуаство – на 8 години и 4 месеци строг затвир”.
Во истиот број ја објавив и Пресудата, “во името на неговото величество Борис Трети, цар на Балгарите!” (факсимил).
Пресудата, првите петмина, ги осудува и на парична глоба од 4,672 лева, за “трошоците на делото”.
На текстот, извештајот, објавен на првата и безмалку целата втора страница од весникот, се повикува професор д-р Павле Митрески, во историскиот “Прилог за расветлување на провалата на паертиската организација во Охрид и судењето на група комунисти, ноември 1941 година”.
Д-р Митрески, е најдоследен проучувач на собитијата во охридско и струшко, од поновата историја. Вели, дека ги поседувал најверодостојните документи, дека околу случајот имало доста контраверзи, но најточната е онаа на бугарскиот агент Асен Николов Христов, фатен во Лерин по капитулацијата на фашистичка Бугарија и иследуван од нашите власти.
-Точно се знае, во која куќа и семејство престојувал и преспал Колишевски, три дена, есента 1941 година. Иследниците говорат за “куќата на рибарот”, со чиј постар син, Колишевски се знаел од Крагуевац, додека на помалиот, тогаш ученик во Училиштето за копаничарство, му оставил ливче со бројот на улицата (“35”) во Скопје, каде е уапсен. Пред да го објавам трудот, лично се видов со Колишевски во Охрид и тој ја потврди веродостојноста. Историската наука има забележано во која куќа и семејство се печателе летци на шапилограф и чија мајка, наводно, ги провалила. Се друго е веродостојно од истражната постапка. Најнапред е уапсен нејзиниоот син, после и останатите комунисти, кои, под тортура, признале дело “организоирано рушење на државниот систем на Бугарија”. Приложени се и докази: машина за пишување “со српски штрифт”, едно радио, 1210 летоци и една српска пушка (Д-р Митрески).
ТРГНАТАТА ПЛОЧА ГИ РАЗБРАНИ СТРАСТИТЕ И СЕЌАВАЊАТА
Околу спорната изградба, под форма – “реконструкција!”, институциите, навреме, или, пост-фестум, волно, или, неволно, реагираа. Во Основното јавно обвинителство во Охрид се води истражна постапка за бесправно градење, последните информации се дека е поднесена и кривична пријава и дека постапува полицијата.
Реагираше и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, веројатно и од личн, семејни мотиви, потсетувајќи дека ваквиот начин на третирање на заштитеното културно наследство е казниво дело, најостро осудувајќи го отстранувањето на плочата.
Ги повика надлежните институции, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за внатрешни работи и општина Охрид, како надлежна за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен обележјата, да постапат во рамки на своите законски надлежности и да ги разјаснат околностите, како и по чија вина е отстранета спомен плочата.
Побара почитување на историјата и историските настани и накјави дека, согласно Законот за меморијалните споменици и спомен обележја, на теремн ќе биде испратена инспекција, со цел да се утврди фактичката состојба и примената на законот.
Инспекцијата пристигна брзо, соопштено е дека изречена е мерка наредба од страна на инспекцијата при Министерство за култура. Инспекторите за култура извршија вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен – обележјата.
Јавноста очекува навистина да биде вратена, додека од автентичната градба на ул „Димитар Влахов, не остана ништо.Тука враќање нема. Сега се е “по свадба тапани”!
Инвеститорот, отстапувајќи од проектот за реконструкција и конзерваторското одборение, ја отстрани оригиналната куќа, додаде тераси, надградба…
Зошто, овој случај, или проблм, е повеќеслоен, од правен, историски и културолошки аспект, па се до дневно политички?
Прво, станува збор за лице, истакнат член на владеачка политичка партија, од албанскиот корпус, кој не се либи да употреби и физичка сила, како политичар, или бизнисмен, осилен да не почитува ред и закон.
Второ, овој случај и како градба, или дивоградба – сеедно, само се надоврзува на претходните, со пицеријата кај чинарот, или реконструкцијата и доградбата на блискиот верски објект од исламското наследство.
Поранешниот премиер Зоран Заев, во кампања за претходните избори, ветуваше “рушење и по цена да се растури локалната власт” (тогаш на СДСМ), што остана само на ветување. Пред новото изборно соочување, се во проблем и од локлнaта власт (сега оличена во ВМРО ДПМНЕ), но и централната (ДУИ-СДСМ). Надлежностите им се поделени.
Во август минатата година градилиштето беше затворено, а овластен градежен инспектор донесе Решение за отстранување на нелегалните доградби на објектот. Но инвеститорот – политичар, не само што не постапи, туку ја отстрани жолтата лента и градежните зафати речиси, ниту за ден, не беа прекинати, се до денес! На очиглед на јавноиста? Како да се толкува тоа?
КУЧИЊАТА ЛААТ, КАРВАНОТ СИ ВРВИ!
На локацијата, практично, се гради нов објект со поголем габарит кој нема ништо од автентичниот изглед на оригиналната градба!
Објектот е во зона на Заштитена споменична целина прогласена за културно наследство. Според Конзерваторското мислење од НУ Завод и Музеј Охрид таа требаше да биде препокриена со црвена ќерамида на постојната конструкција, што е далеку со денешниот изглед.
Инвеститорот отстапи од Одобрението за реконструкција издадено од Општина Охрид, што беше констатирано од градежна инспекција.
Од формално – правен аспект, Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет и на 27 ноември поведе истражна постапка против две лица за кривично дело – Бесправно градење по чл.244- а став 1 од Кривичниот законик. Прибрана е писмена документација и извршено е градежно вештачење, а закажан е и распит на осомничените, по што ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.“, обзнанија од Обвинителството, но, пак ништо!?
Отстранувањето на мермерната спомен плоча кај старата уникатна градба, позната како куќата од Бошнакови, само ја прелеа чашата и затоа јавноста е сомничава на изговорот на инвеститорот, дека плочата сметала во поставување на електричен кабел, значи ќе биде вратена на истото место.
Такво ветување даде и градоначалникот на Охрид, во јавноста, но и пред Организацијата на Сојузот на борците и поддржувачи, од каде побараа одговор во Кабинетот на градскиот татко и Одделението за култура.
Јавноста е сомничава и поради фактот што ова не е прв случај, и кога не е во прашање овој инвеститор. Ова е една од 6 споменични табли од антифашистичката борба кои во минатото беа поставени во Охрид. Од нив 5 се симнати, а остана уште една кај градскиот часовник, додека тие што ги нема, наводно, се во мувлата на подрумот од зградата на Основниот суд во Охрид.
Бистата на писателот Радослав Петкоски, од пред “вети Јован Канео”, заврши во некој магацин на градските гробишта! Барем во некој парк да беше поставена.
Никое зло, не е за добро, те, и овој случај доага во најнезгодно време, во предизборие, за двојните избори. Засега дневно политички го користи “Левица”, ДУИ, од повеќе причини ќе молчи, но загадочен е и молкот на двете носечки, спротивставени партии, од македонскиоот блок, ако се изземе реакцијата на министерката за култура.
Не им одговара.
Локалната власт е на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и те како би заиграла на случајот, ама не и одговара од надворешни, источно – соседски причини. Некој би сакал, дури, и да не се врати плочата, ама, сепак нема да го дозволиме тоа.
Повикувам на будност, а, доколку е потребно, и на јавен протест. Ако веќе, ни ја зедоа сегашноста и иднината, можеме, барем толку, да си ја зачуваме историјата.
Без неа сме НИКОЈ и НИШЧО!

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе