Прекината во текот на короната, возобновена е впечатливата и взаемно корисната манифестација – „Езерска средба”, афирмирана и како пензионерска диплпоматија, што ја организираат и успешно ја спроведуваат ветераните од подбраната и безбедноста на двата крајезерски града Охрид и Поградец, подносно Корча.
Поголема група активни членови на зруженијата од Сојузот на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, за општините Охрид и Дебрца, како и Дебар и Битола, вчера, беа гости, во возвратна посета на локалната асоцијација на албанското Здружение за Корча и Поградец.
Оваа корисна иницијатива е поддржана, финасиски и на секаков начин, од страна на локалните самоуправи во Охрид, Поградец и Корча.
Домаќините гостопримливоста ја покажаа и со тоа што организираа прием во општина Корча, каде, со гостиоте се сретна заменик – градоначалникот Келтион Кифа.
Домаќините се покажаа и со одличната органиозација и реализација на еднодневниот излет до специфичното и одлично архитектонски сочувано етно – село Москополе, или Воскопоја.
Ова некогашно напредно гратче, верат, до шеесетина илјади жители до уништувањето од страна на Али Паша Јанински, мегу другото, е своевиден историски сврзник на населението од Албанија и Македонија, пред се, преку влашката национална заедница.
По уништувањето на Москополе, питоресктна населба на 1.200 метри надморска височина, населението бега, главно, во струшко, во селата Горна и Долна Белица, а од таму во Струга.
Мал дел се преселуваат во битолско, а добар дел околу Крушевска корија, каде никна градот Крушево. Термин Крушевска корија има и кај Москополе, што значи, дека, од таму си гпо донеле и името за новото живеалиште.
Патот од Москополе до Горна Белица, виа Вевчани, го имаат поминато и предците на Михајло Пупин, таткото на глобализацијата на планетата земја, со тоа што тие завршилч во Идвор, банатскиот дел на Србија.
Во Вевчани и Охрид, споменот за Михајло Пупин е задржан, преку Куќата на Пупиној, денес, Спомен Музеј во Вевчани, додека во Охрид, по камбаната на црквата Света Богородица – Перивлепта, за тоа време најголема, што ќе рече најзвучна на Балканите, но и со Пупиновата фондација за финасиска поддршка во студиите на поголем број охриѓани по познатите европски универзитети.
Михасјло Пупин, во времето додека живеел во САД, бил личен пријател на тогашниоот американски претседател Вудров Вилсон, кој, го испратил, како свој личен претставник, на Мировната конференција во Париз.
Корените поставувани низ изминатите векови, сега даваат импресивни цветни резултати, во примерот на соработката на здруженијата на ветераните од безбедноста и одбраната од двете страни на границата. Во тоа има приказни, достојни за филмски сценарија. Со право се вели дека најдобриот писател и сценарист е реалниот живот.
Грото од членството на здруженијата од Охрид, Поградец и Корча, го сочинуваа бивши полицајци, односно војници, кои биле распоредени по караулите од двете страни на границата, подоцна на граничните премини.
Сега, и во рамките на иницитијативата Отворен Балкан, граничните премини се ингтегрирани, граничните полицајци и цариниците се соработници и пријатели на дневна основа, но, некогаш, за време на тврдиот енверистички режим, не било така. Тотасш, за селое илегално преминување, следел куршум.
Во таа смисла, на средбата, ручекот, песната и орото во Москополе, говреше генерал Максим ( се пошегувавме со него дека денеска во Макледонија е многу забавно да се викаш Максим, односно Максо!) Фејзула, првиот човек на Здружението на ветарните од Корча.
Но, говореа, се шегуваа и прегрнуваа Вангели, односно Вангел од Поградец и Наум од Охрид, кои, на границата кај Свети Наум, некогаш, се гледале низ нишан а сега се, како што нагласуваат, побратими.
Основата на денешната блиска сотработка, разбирање и искрено пријателство, се преплетува и низ бројни лични, односно семејни приказни. Доскорешниот прв човек на македонското Здружение, на државно ниво, генерал Филип Котели, по корен е од Поградец, односно блиско место на денешниот албански, крајезертски, град во експанзија.
По неговиот пример, сега, делува актуелниот претседател, професор д-р Темелко Ристески, кој, го похрабрува членствлото и раководството од охридското здружение, да ја интензивираат соработката со колегите од Албанија и да бидат пример на и така примерните добрососедски односи. Ристески не крие дека охридското здружение е најактивно во земјата, предводено од агилниот претседател, полковник Добре Вељаноски.
Во споработката и зближувањето со албнанските колеги, не се само од Поградец и Корча, туку и пријателите од Берат, Елбасан, Тирана и други места. Имаат одлична сопработка и со колегите од Бугартија и Србија, додека во манифестацијата “Езерски средбa”, сакаат да привлечат и здруженија од Грција.
И сето тоа во една атмосфера, која, на пример, во ресторанот во Москополе, на останатите гости – Грци, Албанци и други, им делуваше помалку надреална и вонвременска. Со албански и македонски народни напеви, пијалок, а после сето тоа – оро и песна до изнемоштемост.
– Нема лоши народи, нема лоши луге, сите сме браќа и сестри со по еден живот даден од Севишниот. Да им се радуваме на блиските по мисла и дело, подалеку од дневната политика, ќе рече генерал Максим, кој богатиот ручек го зали со ракија и вино, кое самиот го произведува на своите насади.
Од друга стѕрамна, претседателот на Општинската организација на Здружението за Охрид и Дебрца, полковник Добре Вељаноски, кој, беше донел мноштво подароци за домаќините. Вели: колку да им се возврати на домаќините за организацискиот напор, како и искреноста во желбите и намерите.
– Колку сме блиски низ историјата и денеска, нека ви потврди една случајност, ако воопшто случајности постојат. Мегу великаните од историјата, чии бисти доминираат во паркот насред Поградец, гордо се извишува бистата на Митруш Кутељи (Котели), предок на доскорешниот претседател на македонскиот Сојуз на здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста, генарл Филип Котели, кој живее во Скопје, а има куќа и во Охрид, заедно со своите браќа од ова ценето охридско семејство, во крајезерската населба позната како Долна Влашка Маала, ќе нагласи, мегу другото, полковник Вељаноски.