ПРОБИШТИП: Потешко настрада рудар на рудникот „Злетово“, полесно работник на фабрика за акумулатори Таб Мак

Пробиштип. 12.06.2024

Синоќа, во доцните вечерни часови, во Пробиштип се случија две несреќи на работни места. Во првата, случена во јамите на Добрево кое е дел од рудникот за олоови и цинк „Злетово“ потешко настрада 38 годишен рудар, а 2,5 часа подоцна на работно место полесно се повреди 20 годишен работник на фабриката за акумулатори Таб Мак.

-Во понеделникот во  22:08 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен  38-годишниот Т.Ј. од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во рудник во село Добрево, пробиштипско. Увид бил извршен.

Од штипската Клиничка болница информираат дека 38-годишниот рудар Т.Ј е примен со тешки телесни повреди и поради карактерот и тержината на повредите  веднаш транспортиран во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Втората несреќа се случила во 00:48 часот.  Во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош на рударскиот град било пријавено дека кај нив со телесни повреди бил донесен 20-годишниот А.Р. од Пробиштип. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фабрика за акумулатори во Пробиштип. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. Дваесетгодишниот работник на вилушкар е примен во штипската Клиничка болница, каде што по прегледот, лекарите го пуштиле на домашно лекување, бидејќи бил со полесни повреди.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе