Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, ја одликува директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ со Орден „Витез на Редот Ѕвезда на Италија“ .
Одликувањето ѝ го врачи амбасадорот на Италија во земјава, Андреа Силвестри, кој, синоќа, во катедралната црква „Света Софија“, во присуство на македонската претседателка, Гордана Силјаноска Давкова, ја искористи како можност “Италијанската вечер:”, со исполнителите од барокниот ансамбл “Матре Ностру”, од Рим.
Амбасадорот Силвестри, потенцира дека високото италијанско признание и е доделено за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на италијанската култура на сцената на фестивалот „Охридско лето“.
-Од 2019 година таа е успешна директорка на еден од најпрестижните уметнички фестивали во земјава, меѓународниот фестивал „Охридско лето“ и почесен делегат на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Во сите овие години, сигурен сум дека Наташа ја заслужи довербата на властите и почитта на граѓаните, колегите и пријателите, ставајќи ги своите професионални вештини во служба на својата земја, но и на пошироката меѓународна заедница, внимателно избирајќи ги различните уметнички предлози кои доаѓаат од странство. Потврдувам дека таа многу ја заслужи почитта од Италија, бидејќи имав задоволство тесно да соработувам со неа во изминатите години. Таа организираше неколку извонредни италијански вечери, носејќи го пред локалната публика „Кремот на кремот“ на италијанската музика и музичари, диригенти и оперски пејачи, кажа амбасадорот Силвестри.