Штип аплицира за кредит од заемот од Унгарскиот кредит за обиколница долга 13 километри во вредност од 2 милиони евра

Штип, 18.09.2024

Од заемот од 500 милиони евра кој нашата држава год доби од Унгарија, од делот чија вредност изнесува сто милиони евра и е наменет за решавање на инфраструктруните потреби на општните, Општина Штип аплицира со проектот „Обиколница од населба Железничка преку населба Пребег до индустриската зона Плуждино“. Овој проект е со вкупна финанасиска вредност од два милиони евра.

Со оглед на значењето на овој проект за Штип како регионален центар низ кој транзитира големи транспортни возила и автомобили, и со оглед на неопходноста од потребата за поврзување на дел од приградските и урбаните населби, општинското раководство цени дека нема да има проблем да го добие бараниот кредит.

-Се работи за насушна потреба на нашиот град чија цел е да се спојат влезовите на Штип од сите негови страни, урбанизирање на целиот потег како и можност за изградба на нова населба за домување во непосредна близина на урбаната заедница Пребег, вели градоначалникот Иван Јорданов.

Со проектот е предвидено и изградба на мост на реката Брегалница во близина на бањата Кежовица.

Овој проект предвидува сообраќајно поврзување на населбите Железничка и Пребег и индустриската зона Плуждино, уредување на нова зона за станбена изградба, а во негови рамки ќе биде изграден и мост на реката Брегалница во близина на бањата Кежовица.

Според градоначалникот на Штип со изградбата на обиколницата граѓаните на најбрз можен начин ќе можат да стигнат од едниот на другиот дел од градот, а исто така, со реализација на овој проект, значително ќе се олесни сообраќајот во градот, со што товарните возила нема да мора да транзитираат низ улиците на Штип.

„Обиколницата со која ќе се поврзат влезовите на Штип од Струмица и Скопје ќе биде во должина од речиси три километри и ќе има широчина од 13 метри. Од страна на општина Штип изготвени се основниот проект и проектната документација, обиколницата ќе се гради по сите светски сообраќајни стандарди и според планот треба да биде готова за една година“, посочува Јорданов кој додадва дека овој проект е прилагоден на средствата за кои општината оценува дека и следуваат.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе