БЕРОВО: Гимназијалци на обука по угостителство и туризам во Италија

Берово, 14.10.2024

Во беровската гимназија „Ацо Русковски“ постои и насока по угостителство и туризам, а шеснаесет ученици од оваа насока денес заминаа за Италија каде во местото Умбрија ќе поминат двонеделна обука. Tие ќе бидат дел од Еразмус+ проектот „Здрава исхрана за здрава тежина”.

-Заради таа цел, претходно во просториите на училиштето се одржа родителска средба во врска со реализацијата на ова студиско. Целта на состанокот беше родителите и учениците од угостителско – туристичката струка да се запознаат со целите на проектот, програмата која што ќе ја имаат за време на двонеделниот престој во Италија, како и нивните права и обврски за време на обуката, информираа од беровскта гимназија.

За реализација на оваа активност грант обезбеди Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата ЕРАЗМУС+ КА122-VET, краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени во стручно образование и обука, на Општинското средно училиште „Ацо Русковски“ од Берово. Грантот за користење средства е во вкупен износ од 51.992 евра.

Оваа обука на гимназијалците од спомнатата насока треба да им обезбеди збогатување на знаењата од областа на угостителството ои туризмот.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе