Штип, 16.10.2024
Во Белград, во малата сала на „Задужбина Коларац“, на 24 овој месец (четврток) во 17:30 часот, ќе се одржи најпрестижниот фестивал за хумор и сатира на Балканот ,,Сатира фест 2024″.
На фестивалот ќе учествуваат триесеттина афористичари од Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна Херцеговина, Канада, и од нашата држва
Претставници на Македонија ќе бидат Љупка Цветанова од Штип и Миле Ѓорѓијоски од Делчево. Инаку токму Ѓорѓијоски минатата година ја освои наградата ,,Весна Денчиќ” за најдобра серија на афоризми на фестивалот.
Овој фестивал годинава се одржува во чест на 80 годишнината од раѓањето на Милован Витезовиќ, еден од најпознатите српски и југословенски сатиричари и писатели.
Фестивалот е под наслов „Човече, налути се“