Општина Делчево на второ место во Македонија по отвореност, во првите десет од регионот уште се  Берово и Кочани

Штип, 18.10.2024

Фондација Метаморфозис и Рурална Коалиција ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2024 година на тематскиoт форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“. Процената претставува длабинска анализа на работата на локалната самоуправа која дава резиме на вкупните перформанси на локалната самоуправа со патоказ од препораки за унапредување на состојбата. Истражувањето беше спроведено од 1 февруари до 15 мај 2024 година.

Наодите укажуваат дека во споредба со 2022 година (27%), во 2024 година просекот на отвореност на општините достигна 37% што е пораст за десет проценти во две години. Иако овој процент е видливо зголемен, сепак претставува индикација за ниско ниво на отвореност во работењето на локалната власт во Република Северна Македонија, со чест на исклучоци кои проактивно и темелно се посветуваат на отвореноста кон граѓаните.

Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворените единици на локална самоуправа се Битола (67%), Делчево (66%), Демир Хисар (64%), Велес (60%), Валандово (59%), Прилеп

(58%), Крива Паланка (58%), Берово (58%), Василево (56%), Кочани (55%), Градско (54%), Гевгелија (54%), Охрид (53%), Кавардарци (52%) и Гази Баба (52%), најпроти најзатворените единици на локална самоуправа помеѓу кои Сопиште (7%), Кривогаштани (13%), Студеничани (13%), Росоман (14%), Чучер Сандево (15%), Шуто Оризари (16%), Лозово (17%), Боговиње (18%), Ранковце (18%), Врапчиште (19%) и Чаир (19%).

Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворените единици на локална самоуправа се Битола (67%), Делчево (66%), Демир Хисар (64%), Велес (60%), Валандово (59%), Прилеп…Берово е на осмо, а Кочани на десетто место.

Исто како во 2022 година, во 2024 година единиците на локална самоуправа имаат највисока просечна оценка во областа транспарентност (46%), а најниска просечна оцена во областа свесност (21%), додека најголем напредок се забележува во областите транспарентност и интегритет односно зголемување за 12 проценти. Нискиот резултат во областа свесност (21%) укажува на слабиот квалитет на планирањето, програмирањето, мониторирирањето и евалуацијата на политиките што ги спроведуваат единиците на локалната самоуправа. Јавниот интерес треба да биде отсликан во јавните политики, што го прави овој поразителен резултат уште поалармантен.

Генерален заклучок од Индексот на отвореност на локалната самоуправа e дека локалната самоуправа

има уште долг пат до постигнување на вистинска транспарентност. Локалните власти треба проактивно да објавуваат документи во најотворен формат и да ги унапредат своите веб-страници за подобра достапност, пристапност и квалитет на информации, податоци и услуги. Исто така, потребно е да се воспостават поефикасни механизми за граѓанско учество за суштинско вклучување на граѓаните во одлучувањето и подобрувањето на животот на заедницата. Покрај тоа, тие треба да работат на подобрување на квалитетот на планирањето, програмирањето, мониторингот и евалуацијата на локалните политики за да се осигура дека јавниот интерес е правилно отсликан во одлуките, како и да се обезбедат и објават механизми и политики за интегритет и антикорупциски политики како и да се обезбеди нивно посветено и етичко спроведување.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе