Руски ботови работат во корист на Милановиќ, тврдат истражувачи од Центарот за информациска отпорност

Руски ботови започнаа про-Кремљ кампања за дезинформации на социјалните мрежи за да го поддржат хрватскиот ани-НАТО претседателски кандидат Зоран Милановиќ, објави Политико, повикувајќи се на истражување на Центарот за информациска отпорност.

Непрофитната организација со седиште во Лондон која разоткрива дезинформации, објави извештај во кој тврди дека про-руските, анти-ЕУ и анти-НАТО ботовски мрежи работеле на зајакнување на актуелниот хрватски претседател Милановиќ пред првиот круг од претседателските избори во Хрватска кои се одржаа на 29 декември.

Избран за претседател во 2020 година, Милановиќ, кој потекнува од левоориентираната Социјалдемократска партија, честопати ги критикуваше НАТО и Европската Унија во популистички говори кои предизвикаа споредби со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Милановиќ, исто така, се изјасни против воената помош за Украина и ги критикуваше западните санкции кон Русија.

Со нешто помалку од 50 отсто од гласовите во првиот круг, Милановиќ не успеа да обезбеди целосна победа. Вториот круг ќе се одржи во недела, на 12 јануари, а негов противкандидат е Драган Приморац од владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Според Центарот за информациска отпорност, профили со проруски владини слики и хаштагови редовно објавувале содржини и пофалби за Милановиќ на социјалните мрежи, вклучително и на Фејсбук и Х, откако тој го изразил противење за испраќање хрватски војници во Украина.

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе