Компанијата „Блу Ориџин“ на Џеф Безос успешно го изврши првото тест-лансирање на огромниот ракетен систем
Компанијата „Блу Ориџин“ успешно го лансираше својот огромен нов ракетен систем на првиот тес-лет, испраќајќи прототип-сателит во орбита на илјадници милји над Земјата, пренесува Асошиејтед Прес.
Именувано по првиот Американец што орбитираше околу Земјата, ракетата „Новиот Глен“ беше лансирана од Флорида, од истата платформа што се користеше за лансирање на вселенските летала „Маринер“ и „Пајонир“ на НАСА пред половина век.
По години развој и со значително финансирање од основачот на Амазон, Џеф Безос, оваа ракета висока 98 метри, носи експериментална платформа дизајнирана за поставување сателити или нивно ослободување во соодветните орбити.
Вработените во компанијата изразиле одушевување со громогласни аплаузи и вресоци откако леталото успешно достигна орбита по 13 минути, подвиг што веднаш доби пофалби од самиот Илон Маск од СпејсЕкс.