Примирјето договорено меѓу Израел и Хамас стапува на сила во недела наутро

Прекинот на огнот во Газа ќе стапи на сила во 8.30 часот во недела на 19 јануари, објави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи, пипува Гардијан.

„Ги советуваме жителите да бидат претпазливи, да бидат максимално внимателни и да чекаат насоки од официјални извори,“ објави Мајед Ал Ансари на Х.

Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху утрово изјави дека Владата го одобрила планот за враќање на заложниците.

Израелското Министерство за правда соопшти дека 737 палестински затвореници и затвореници ќе бидат ослободени како дел од првата фаза од договорот.

Во првата фаза од договорот, кој треба да трае 42 дена, Хамас се согласи да ослободи 33 заложници, меѓу кои и деца, жени и лица постари од 50 години. За возврат, Израел ќе ослободи 50 палестински затвореници за секоја израелска жена ослободена од Хамас и 30 за другите жени заложници.

 

 

 

Постави коментар

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе