Македонска Каменица, 25.01.2025
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети најголемиот подземен рудник за олово и цинк во земјата. На средбата со претставниците на менаџерскиот тим на Рудник САСА, министерката Божиновска се запозна со работењето на САСА, со инвестициите во одржлив развој на рудникот и неговото значење и придонес за просперитетот на локалната заедница.
За време на престојот во САСА, министерката Божиновска ги посети подземните руднички коридори, како и новите постројки кои се дел од неколкуте значајни капитални инвестициски проекти дизајнирани да ја трансформираат САСА и да овозможат стабилна работа на рудникот во наредните години.
САЊА БОЖИНОВСКА „Како министерка мојата цел е да ги поддржам рударските практики кои се одржливи и безбедни и да ја истакнам важноста на иновациите во рударството. Со поддршка на модерни технологии, да работиме на создавање рударството кое е безбедно и одржливо“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
„Рудникот САСА е важен дел од економската структура на нашата земја. Поддршката за овие проекти е клучна за одржливиот развој и за подобрување на условите за живот на локалната заедница. Како министерка мојата цел е да ги поддржам рударските практики кои се одржливи и безбедни и да ја истакнам важноста на иновациите во рударството. Со поддршка на модерни технологии, да работиме на создавање рударството кое е безбедно и одржливо“, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Досега, вкупните вложувања во реализацијата на овие капитални проекти, како и за набавката на современа рударска опрема, дигитализација на техничките процеси, подобрување на безбедноста, стандардите и условите за работа во рудникот, како и во професионалниот развој и едукација на вработените, наминаа 80 милиони долари.
Генералниот директор на Рудник САСА, Кристофер Колбурн изјави:
„Оваа посета на министерката Божиновска, која раководи со еден исклучително значаен ресор, за нас во САСА има посебно значење. Таа е дел од вкупната наша комуникација и соработка со институциите на централно и локално ниво, која е неопходна за натамошниот успех на САСА и треба да се одвива на фер и транспарентен начин. Тоа ќе ни овозможи да ги реализираме нашите инвестициски планови и проекти за безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на САСА во годините што доаѓаат. На тој начин, САСА и во иднина ќе може да продолжи по патот на успехот, обезбедувајќи благосостојба за своите вработени и нивните семејства, поддржувајќи ја локалната заедница и придонесувајќи за целокупниот просперитет на земјата“.
КРИС КОЛБУРН „Оваа посета на министерката Божиновска, која раководи со еден исклучително значаен ресор, за нас во САСА има посебно значење. Таа е дел од вкупната наша комуникација и соработка со институциите на централно и локално ниво, која е неопходна за натамошниот успех на САСА и треба да се одвива на фер и транспарентен начин“, рече генералниот директор на САСА.
Рудникот за олово и цинк САСА е најголемиот подземен македонски рудник во кој директно се вработени околу 770 лица, најголем дел жители на локалната заедница. Од ноември 2017, САСА е дел од Централ Азија Металс, интернационална рударска компанија која котира на Лондонската берза (AIM: CAML). Во своето работење рудникот САСА ги имплементира најдобрите меѓународни индустриски практики и стандарди за управување со квалитет, заштита на животна средина и здравјето и безбедноста при работа. Во изминатите шест години, успешното работење на рудникот Саса му овозможи да плати повеќе од 85 милиони долари во форма на различни даноци, кои се искористени за поддршка на развојот на земјата и подобрување на квалитетот на животот на луѓето на државно и општинско ниво. Дополнително, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, САСА секоја година вложува и дополнителни средства наменети во локалната заедница, поддржувајќи го образованието, науката, заштитата на животната средина, здравството, спортот и ранливите социјални групи.