Милорад Додик осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење функција

Милорад Додик, претседателот на Република Српска, денеска беше прогласен за виновен и беше осуден на една година затвор, како и шест години забрана за вршење на функцијата поради неисполнување на одлуката на високиот претставник, пренесе Н1.

В.д. директорот на Службен весник Младен Лукиќ бил ослободен од обвинение, а на изрекувањето на пресудата не присуствувал неговиот адвокат. Горан Бубиќ, адвокатот на Додик, претходно изјави дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата во Судот на Босна и Херцеговина (БиХ).

„Не можам да учествувам во понижување на правата. Не морам“, изјавил Бубиќ за Радио-телевизија РС (РТРС).

На изрекувањето на пресудата не присуствувал ниту Миљкан Пучар, адвокатот на Лукиќ. Додик претходно најавил дека нема да присуствува на изрекувањето на пресудата. Додик и Лукиќ беа обвинети дека не ги спроведувале одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе