Пожарот во дискотеката Пулс ја зеде 62 жртва 

Кочани, 17.04.2025

Уште едно лице повредено во пожарот кој се случи во дискотеката Пулс во Кочани на 16 март годинава почина денес на Воено медицинската академија во Белград. Тоа е Стојанче Стефанов, кој имаше само 24 години (роден е 2001 година во Кочани).

За смртта на момчето денес информира од ВМА

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград, кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец, информираа од министерството. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад.

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.

Истовремено, Црвениот крст на РСМ информира дека, заклучно со денешниот ден се собрани 128.011.651,00, денари, или нешто над два милиони евра за настраданите од пожарот во Кочани.

„Денес Црвенот крст на РСМ изврши трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари. Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението“, информираа од Црвениот крст на Македонија..

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press