Ограничувања во сообраќајот во Скопје поради спортскиот настан „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради одржувањето на традиционалниот спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на дел од улиците во Скопје.

Настанот, организиран од Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв – Скопје“, ќе започне во 09:45 часот со велосипедска трка од Музејот на град Скопје, по улиците „Св. Кирил и Методиј“, бул.„Св. Климент Охридски“, бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“ и локалниот пат за Средно Водно до Милениумскиот крст.

Во 10:00 часот ќе започне и планинарската тура од пред ОУ „Кочо Рацин“, преку бул.„Мајка Тереза“, ул.„Тодор Александров“, ул.„Салвадор Аљенде“ и планинската патека до Средно Водно, со крајна точка исто така на врвот на Водно.

Секторот за внатрешни работи Скопје најави дека ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици. Од МВР упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат инструкциите на полициските службеници и да покажат разбирање за времените ограничувања во сообраќајот.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press