СВЕТИ НИКОЛЕ: На денот на сесловенските просветители студентите на Славјански ги добија своите дипломи
Свети Николе, 24.05.2025
Денес на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе, на пригодна свеченост, беа врачени дипломите на студентите кои на повеќе факултети го завршија своето образование.
Пред присутните студенти, членови на нивните семејства, роднини и пријатели со убави говори дипломирањето им го честитаа проф.д-р Јордан Ѓорчев како и деканите и деканките на факултетите на кои стотина млади се стекнаа со дипломи.
„Ви посакуваме успех и среќа драги дипломци и магистранти во понатамошниот ваш живот…вашата Alma Mater“, им порача Ѓорчев на студентите.
Донесуваме повеќе фотографии од свеченото доделување на дипломите која МСУ како своја традиција ја организира секогаш на 24 мај, Денот на сесловенските просветите, светите браќа Кирил и Методиј.
