МЛАДИТЕ ПОЕТСКИ НАДЕЖИ ЈА ОПЛЕМЕНИЈА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Со бројни манифестации и со свечена академија во во катедралната црква „Света Софија”, одржана под мотото: „Светилник низ вековите и за иднината“,Охрид и Република Македонија, викендов, многу побогато и подостоинствено од досега, го одбележа Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, 24 мај.
Говорници во “Света Софија”, храмот кој со столетија бил прв трон на славната Охридска Архиепископија, говореа премиерот Христијан Мицкоски Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Стефан и ректорката на Универзитетот Св. Кирил и Методиј проф. Биљана Ангелова.
Според Мицковски, Кирил и Методиј, се светилници на словенската писменост и темелот на нашата духовна и културна самобитност, за Архиепископот Стефан тие се нашите славни словосоздатели и молитвотворители, додека ректорката Ангелова ги дефинираше
Не само како духовни светилници, туку и културни основоположници на сето тоа што денес го нарекуваме словенска писменост и идентитет.
Како дел од свечената програма за чествување на 24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, пред нивниот монумент, дело на академик Томе Срафимоски, се одржа пригоден настан на кој беа доделени награди на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.
На просторот на “Светиот триаголник”, со монументите на Светите браќа, Свети Климент и Свети Наум, кај градскиот плоштад, бројната публика, особено ја привлеќе, специфичната манифестација – осмиот по ред Фестивал на поезија за деца „СТИХУВАЛКИ – 2025“, во организација на ЕДУКА МАК од Скопје и општина Охрид.
Учесниците и гостите ги поздрави претседателот на Советот на општина Охрид, Перчо Божиноски, авторите рецитираа свои творби, младите музички надежи од претходно одржаната манифестација “Распеано рибарче”, пееја песнички, а се одржа и првата промоција на ЗБИРКАТА со поетски творби во која се застапени 97 автори од целата Македонија и од соседните држави.
-Манифестациите на овој традиционален фестивал, ќе продолжат во Скопје и други гтрадови, а почнав,ме од Охјрид, градот на писменоста, градот наречен Балкански и Европски Ерусалим, градот во кој денес е чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј. Охрид е град со богато културното наследство, редок пример на оригиналност и неповторливост, колевка на песната и поетските души, нагласи, мегу другото, Ели Маказлиева од ЕДУКА МАК, авторка зад чие има стојат над 40 литерарни изданија.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

Istok Press