Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, веднаш после полноќ во 00 часот и 48 минути регистрира земјотрес чии епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на околу 102 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 2.5.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала.
Ова се нова серија на земјотреси коишто повторно се почувствувани на истата територија. Исто така и на 16.06.2025 се почувствувани земјотреси со слична сила.